ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ се консолидира, подготвена е и за предвремени парламентарни и за локални избори

April 27, 2025 10:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ се консолидира, но е подготвена и за предвремени парламентарни избори и за локални избори, доколку дојде до таков развој на настаните, изјави вечерва претседателот на партијата Венко Филипче.

– Тој процес на консолидација, за кој сум свесен дека ќе трае и дека не сме го завршиле целосно…Апсолутно партијата е во кондиција да трча и на локални и на парламентарни избори, истакна претседателот на СДСМ во Тема на денот на ТВ Сител.

Сепак, додава тој, да видиме како ќе заврши таа криза во владејачката коалиција, што, според Филипче, трае подолго време, а сега само излегува на површина. – А се поставува прашањето на колку здрава основа била поставена коалицијата и кога се правеше владата минатата година, но тоа оставам на нив, додаде тој.

Филипче вели дека ги следат придвижувања во владината коалиција и оти сметам дека тоа е манифестација на тоа дека „практично не се решаваат никакви работи“.

-Еве гледате и од страна на министрите од ВЛЕН каков хаос е и во здравството и во екологијата. Зарем гледате дека нешто се работи? Апсолутно ништо не се работи. Очигледно е дека се заинтересирани само за своите партиски интереси, сега во контекст на локалните избори, која општина ќе ја земе, на кој начин може да ја земе и на колку советници може да смета, истакна Филипче, кој смета дека актуелната криза само ги покажува слабите темели на кои била изградена владината коалиција.

За средбата со премиерот Христијан Мицкоски, Филипче рече дека дошла по трагедијата во Кочани. -Мојата идеја за средба која штом премиерот ја прифати, е да идентификуваме рефомска агенда која стагнира. Таа реформска агенда е во рамките на планот за раст. Тој план за раст го изготвуваше владата на СДСМ, се финализираше, дојде на власт сегашната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Мицкоски го потпиша во Брисел и таму има обврски кои се врзани со финансиски импликации. Тој План за земјите од Западен Балкан вреди шест милијарди евра од кои ние добиваме околу 800 милиони евра, рече Филипче потсетувајќи дека поврзано со тоа треба да се донесат околу 30-тина закони и дека петнаесетина, најмногу од правда, се до јуни 2025 а ниту еден не е донесен во Собранието.

После првомајските празници, Филипче кој е и пратеник и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, најави дека во Собранието ќе се одржи состанок на кој присуство потврдиле експерти од правото и претставници од невладиниот сектор. Целта е, вели тој, секој кој има искуство да придонесе за државата да оди побрзо напред. – Тоа е целта на средбата. Да ги обединиме капацитетите, да направиме надпартиски консензус и конечно да се обединиме и да бидеме конструктивни, рече Филипче.

За критиките, како што рече од некои сопартијци дека на такви средби оди за некакво „пазарење“, Филипче рече дека ако оди за такво нешто нема да оди со „дваесет камери„. – Не!Целта е државнички да се пристапи кон сите горливи проблеми во државата, рече претседателот на СДСМ додавајќи дека не се зборувало за влез на СДСМ во Владата и оти жали за реакциите на партиите на Албанците. Смета дека треба да имаат средба сите заедно на која ќе се покаже конструктивноста.

Во однос на уставните измени, Филипче рече дека влегуваме во критичен, тежок и неизвесен период, во контекст на ставот на Владата кон евроинтеграцискиот процес. – Сметам дека владејачката коалиција покажува голем степен на кукавичлук и не сака да се фати и да ги решава големите проблеми, знаејќи дека голем дел од политичкиот рејтинг кога се решаваат крупни прашања за државата се губи, вели Филипче.

Според него превирањата во партиите од албанскиот блок, можеби се и партиски препукувања во пресрет на локалните избори, но сигурно има и една димензија, како што вели, на европското прашање поради тоа што Вреди вети дека ќе испорачаат уставни измени. – И тоа албанските гхраѓани го очекуваат од нив, вели тој.

Во интервјуто Филипче обвини дека власта, преку своите институции, прави притисок врз градоначалниците на СДСМ. – Ние имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции се во општините во пресрет на локалните избори. Од Управата за јавни приходи, организиран криминал, различни други институции коишто се под Министерството за внатрешни работи, рече Филипче.

Како што додаде тој, тоа се случува исклучиво во општините кои се раководени од луѓе од СДСМ, а не и во другите општини каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

За истрагата за трагедијата во Кочани Филипче истакна дека секоја забелешка од СДСМ за одговорноста на МВР е издржана и е дадена по консултација со правници. Според него, има детали кои укажуваат дека истрагата за трагедијата во кочанската дискотека е селективна, но власта упорно ја дефокусира јавноста со вадење на стари случаи со кои се обидува да ја политизира истрагата

-Вечерта имало претставници на МВР во дискотеката по 2 часот, а внатре имало малолетници. Зошто забавата не е прекината, зошто имало пиротехнички средства, зошто никој не реагирал како претставник на МВР, а таму фактички присутен? Дали можеби не се доведува во прашање целата истрага поради тоа што во периодот кога се опфатени тие претходни функционери се оди 10–15 години наназад немало таков настан? Што е целта да се прави политички циркус? Имаме забелешка дека се штитат функционери, рече Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: СДСМФилипче

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk