Театар Комедија ќе учествува на еден од најзначајните регионални театарски фестивали – БОК Фест во Бјеловар, Хрватска. Фестивалот, кој од 2003 година обединува врвни театри од цела поранешна Југославија, и оваа година ќе биде центар на театарската уметност од регионот, информираат од Театарот.
Театар Комедија ќе настапи со две исклучително успешни претстави од својот репертоар – на 30 април свеченото отворање на фестивалот ќе биде во знакот на „Илуминати” во режија на Синиша Евтимов, следниот ден, на 1 мај, ќе ja одиграат хит-претставата „Пар распар”, во режија на Нина Николиќ.
-БОК Фест е место каде што се слави квалитетната театарска уметност, и Театар Комедија е горд што ќе биде дел од оваа значајна манифестација, велат од Театар Комедија.