ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Завршува манифестацијата „Недела на македонската култура“ во Тирана

April 30, 2025 13:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со претставата „8%?“ во изведба на АТО Центар за современа уметност и култура – Битола, а во режија на Јован Ристовски вечер во Тирана завршува манифестацијата „Недела на македонската култура“.

Претставата почнува во 20 часот во познатиот театар „АрТурбина“ во Тирана, а претставува моќна приказна за дискриминацијата заснована на вистински сведоштва на поединци од различно етничко потекло од Западен Балкан. Изведбата ќе биде на македонски јазик, а на екран ќе бидат прикажани албански и англиски преводи.

Манифестацијата „Недела на македонската култура“, која првпат се одржува во албанскиот главен град, чија цел беше промоција на македонската култура, туризам и економија, почна на 23 април во концертна сала во една од најубавите цркви на Балканот „Христовото воскресение“ во Тирана.

На свеченото отворање присуствуваше министерот за култра и туризам Зоран Љутков, по што се одржа концертот „Поглед кон иднината“ во изведба на познатата македонска пијанистка Емилија Попивода и реномираната албанска диџејка Реа Лемнуша.

Вториот значаен настан беше одржан на 25 април во македонскиот културен центар-Нобис кога беше отворена изложба на слики со традиционални македонски носии и промоција на книгата „Монографија за македонската народна носија“ на авторот Владимир Јаневски, посветена на овие културни богатства.

Во неделата во познатиот објект „Пирамида“ беше одржана промоција на македонско вино и вински туризам, а дополнителна убавина на настанот му даде настапот на фолклорната група од Пустец, со македонски ора.

Оваа значајна манифестација е во организација на македонскиот Културно-информативниот центар и амбасадата во Тирана, со поддршка на Министерството за култура и туризам, како и албанското министерство за економија, култура и иновации и општина Тирана. 

Next Post
Илустрација: NASA/JPL-Caltech

Од каде доаѓа златото во универзумот? НАСА има индиции

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk