ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Репортери без граници“: Слободата на медиумите низ целиот свет во 2025 година е на најниско ниво

May 2, 2025 11:18
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на медиумите низ целиот свет е во полоша состојба од кога било, според најновото годишно рангирање објавено денеска од организацијата за човекови права „Репортери без граници“, кое забележува дека новинарите во Европа имаат најголема слобода, објавија светските агенции.

-Слободата на медиумите во светот во 2025 година е на најниско ниво досега. Над половина од светското население живее во земји каде што ситуацијата е оценета како „многу сериозна“, се вели во анализата на организацијата.

Европа продолжува да биде регионот каде што новинарите можат најслободно да известуваат за настаните, нагласува таа.

Норвешка ја задржува својата водечка позиција и останува пример за следење, по што следат Естонија и Холандија, забележува „Репортери без граници“.

На дното од рангирањето се Кина, Северна Кореја и Еритреја, кои се рангираат на 178-мо, 179-то и 180-то место, соодветно.

Според рангирањето, медиумите и новинарите се соочуваат со „проблематична“, „тешка“ или „многу сериозна“ ситуација во три четвртини од 180-те оценети земји.

-За прв пат, ситуацијата е „тешка“ на глобално ниво“, нагласува организацијата, наведувајќи ги како пример строгите економски ограничувања што ги воведе претседателот Доналд Трамп во Соединетите Американски Држави.

Далеку од Норвешка, која е на врвот на индексот деветта година по ред, Соединетите Американски Држави паѓаат за две места, на 57-мо место, зад Сиера Леоне.

Според рангирањето на „Репортери без граници“, ситуацијата е оценета како „добра“ само во седум земји, од кои сите седум се во Европа.

-Покрај кревката безбедносна ситуација и растечкиот авторитаризам, економските притисоци создаваат проблеми и за медиумите ширум светот, забележаа „Репортери без граници“.

Германија, која минатата година беше на 10-то место, сега е надвор од првите десет поради „сè понепријателската работна средина за медиумските професионалци во земјата, особено поради нападите од крајната десница“, соопшти организацијата.

-Повеќе од половина од светското население сега живее во земји каде што ситуацијата со слободата на медиумите ја категоризираме како „многу сериозна““, изјави директорката на „Репортери без граници“, Ања Остерхаус.

„Независното новинарство е трн во окото на авторитарните лидери“, забележа таа, нагласувајќи дека ова, пак, има економски последици.

-Ако медиумите се лишени од финансирање, кој ќе ги разоткрива погрешните информации, дезинформациите и пропагандата? Поради оваа причина, покрај нашата секојдневна борба за безбедноста на новинарите, ние сме посветени и на зајакнување на економските темели на новинарството, рече Остерхаус.

Рангирањето на слободата на медиумите ја оценува ситуацијата во дадена земја или територија во пет области: политика, право, економија, социо-културна сфера и безбедност.

Годишното рангирање беше објавено еден ден пред Светскиот ден на слободата на медиумите, кој се слави на 3 мај.

Tags: медиумиРепортери без граници
Next Post

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска годинешни зет и невеста за Галичката свадба

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk