ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Маневски: Прилозите да бидат со поголема одговорност кон јавноста и информациите да бидат надградени со споредбени анализи

May 3, 2025 11:10
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата на изразување не е подарок кој може да се користи колку и кога сака секој член на задницата или таа во целост. Слободата на изразување е постојана борба за учество во општествениот живот на секој поединец или група во заедницата. Но слободата мора да биде користена како одговорност кон туѓите слободи кои не смеат да бидат ограничени со користењето на сопствената слобода, вели новинарот и аналитичар, Војо Маневски во изјава за ЦИВИЛ Медиа, за за слободата на медиумите, мислењето и изразувањето, по повод 3 Мај, Светски ден на слобода на медиумите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

ВОЈО МАНЕВСКИ: Одговорот се крие во содржината на самиот поим –медиум. Што е денес медиум и поради која негова функција може така да се нарекува? Ако ова се расчисти барем на ниво на основна дефиниција полесно ќе се согледа и одговорноста на оние форми на јавно општење кои ќе можат да се нарекуваат медиуми. Вака под овој поим се подведува се и сешто а најмногу се злоупотребува во служба на основачите на медиумите, политичките центри на моќ или се на куп, па се гледа само дневниот интерес.

Не постои медиум, а да не е слободен и ограничен само со јавниот интерес. Се друго е пропаганден центар со јасни цели на спроведување – лични или парцијални цели.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како го оценувате нивото на медиумски слободи и слободата на изразување?

ВОЈО МАНЕВСКИ: Слободата на изразување не е подарок кој може да се користи колку и кога сака секој член на задницата или таа во целост. Слободата на изразување е постојана борба за учество во општествениот живот на секој поединец или група во заедницата. Но слободата мора да биде користена како одговорност кон туѓите слободи кои не смеат да бидат ограничени со користењето на сопствената слобода.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите  и зајакнување на медиумските слободи?

ВОЈО МАНЕВСКИ: Да ја искористат можноста што им ја даваат социјалните мрежи и сите прилози да бидат со поголема одговорност кон јавноста и да бидат надградени информациите со споредбени анализи . Со тоа и ќе се разликуваат од обичните постови пласирани низ социјалните мрежи.

Преземено: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Почна изградбата на новиот автопат Тетово - Гостивар

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk