ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Триумфален настап на Џијан Емин и Франческо Тристано во Бамбергската филхармонија

May 5, 2025 12:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Настанот беше одбележан и од медиумите како дел од новата „шампионска музичка лига“. Во еден од описите на вечерта стои:„Она што на прв поглед може да изгледа необично, на подлабоко слушање се претвора во иновативен спој. Пијанистот и продуцент Франческо Тристано, дипломец на Џулијард и мост меѓу класичната и популарната музика, заедно со диригентот Џијан Емин, разви концепт кој вешто ги брише границите меѓу жанровите.

На 30 април, во преполната концертна сала на Бамбергската филхармонија, се одржа спектакуларен концерт под диригентската палка на македонскиот маестро Џијан Емин, во соработка со светски познатиот пијанист и композитор Франческо Тристано. Настанот претставуваше мост меѓу класичната музика и современиот електронски звук, обединувајќи симфониски израз со техно и авангардни елементи во едно несекојдневно музичко доживување.

Под водство на Емин, оркестарот на Бамбергската филхармонија ја демонстрираше својата техничка прецизност и музичка сензибилност, совршено надополнета со виртуозната изведба на Тристано. На пијано и електроника, тој маестрално ги испреплетуваше традицијата и иновацијата.

Концертот беше пречекан со долготрајни овации, а публиката препозна и возврати на уникатната уметничка хемија меѓу двајцата уметници. Настанот е дел од нивната поширока соработка, која во последните години успешно ги освојува концертните сцени ширум Европа.

„Концертот во Бамберг, заедно со оркестарот Bamberger Symphoniker и Франческо Тристано, за мене беше вистинско уживање. Да се соработува со ваков врвен оркестар е едноставно фантастично – нивото на реакција и исполнителност е извонредно. Искрено, ова е најдобриот оркестар со кој сум работел досега,“ изјави Емин.

„Имав прилика во минатото да диригирам и со други светски оркестри – Симфонискиот оркестар на Детроит, на Мелбурн, како и оркестри во Лондон, Париз, Фландрија, Мец, Ница… но процесот со овој оркестар беше неверојатно искуство. Станува збор за оркестар од светска класа, каде како гости диригенти се појавуваат имиња како Сер Сајмон Рател, Густаво Дудамел, Иван Фишер, Марис Јансонс… Можеби е полесно ако направам аналогија со Лигата на шампиони – за полесно разбирање“, додаде Емин со насмевка.

„Франческо како пијанист беше на извонредно високо ниво, исто така инспириран од самиот оркестар. Дополнително, фактот што покрај изведбата на концертот во D-мол од Ј.С. Бах изведовме и наша авторска музика, го направи овој концерт уште поважен и посебен за нас. Публиката не штедеше на аплаузи – добивме десетминутна стоечка овација, проследена со силен ентузијазам“, вели Емин за овој спектакуларен концерт.

Настанот беше одбележан и од медиумите како дел од новата „шампионска музичка лига“. Во еден од описите на вечерта стои:

„Она што на прв поглед може да изгледа необично, на подлабоко слушање се претвора во иновативен спој. Пијанистот и продуцент Франческо Тристано, дипломец на Џулијард и мост меѓу класичната и популарната музика, заедно со диригентот Џијан Емин, разви концепт кој вешто ги брише границите меѓу жанровите. Во амбиентално концертно доживување, препознатливиот звук на класичниот симфониски оркестар се преплетува со авангардни текстури, звуци и ритми на електронската музика. А кога безвременските дела на Јохан Себастијан Бах преминуваат во сложените композиции на Џијан Емин и Франческо Тристано, разликата меѓу музичките светови одеднаш не изгледа толку голема.“
[Извор: Artelize – https://artelize.com/event/116591-club-symphony-technophonic]

Овој концерт претставува уште едно признание за интернационалниот успех на македонската музичка сцена, како и потврда за сè поголемата важност на крос-жанровските проекти во современата уметничка продукција.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Франческо ТристановоЏијан Емин

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk