ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ристова: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

May 6, 2025 13:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за замрзнати маржи. Храната и производите кои и со замрзнатите маржи не беа достапни за граѓаните – денес се уште поскапи. Маслото за јадење е покачено од 89 на 92 денари, млекото над 72 денари, покачени се цените на јајцата, месото, сирењето, соковите. Средствата за хигиена поскапеа дури и за 60 проценти, истакна на денешната прес-конференција Лолита Ристова, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Таа нагласи дека „граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови и дека ова е резултат на трајно погрешна економска политика на владата“.

„Пропадна т.н. есенска кошничка. Пропадна новогодишната кошничка. Пропаднаа и замрзнатите маржи. Цените продолжуваат да растат. Стандардот тоне. Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, се мислат дали да платат сметки овој месец или да купат храна. Платите им се премали и не им стигнуваат ни до 15 ти во месецот. Синдикалната кошничка е покачена, за едно четиричлено семејство, потребни се најмалку 62.700 денари месечно. Ниту три минимални плати не го покриваат тој минимален износ“, изјави Ристова.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, рече Ристова, за функционерите од власта има богато мени од манго и папаја.

„Власта нема слух и одбива да ги покачи платите, одбива да ја покачи минималната плата. Не прифаќа ниту еден од предлозите на СДСМ за: укинување на ДДВ за основните производи, за минимална плата од 500 евра, за зголемување на платите во приватниот сектор. Одбива буквално сè што доаѓа од СДСМ. Оваа инает политика е на директна штета по стандардот на народот. Не може во најголемиот буџет нема пари за повисоки плати за работниците! Не може власта да троши 6,5 милијарди евра а да не сака да се откаже од ДДВ за храна. Бараме власта веднаш да се откаже од штетните економски политики и да ги прифати предлозите на СДСМ кои ќе значат вистинско намалување на цените и покачување на платите. Само со укинување на ДДВ за храна ќе се намалат цените на 250 производи. Тоа го бара народот и тоа го заслужува.  Граѓаните заслужуваат достоинствен живот, стандард и држава што стои зад нив кога им е најтешко“, рече Ристова

 

Tags: Лолита РистоваСДСМ
Next Post

Трипуновски: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk