ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Авторитарните тенденции се во подем – времето за дејствување е сега: Вовед во клучниот документ со препораки на глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“

May 7, 2025 15:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
ЦИВИЛ ексклузивно го објави преводот на македонски од клучниот дел од публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“. Преводот ќе биде објавен во 11 продолженија, почнувајќи од воведот што го потпишаа д-р Волфганг Ресман, Хедер Роберсон Гастон, Роџер Касале и Џабир Дерала во името на глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, формирана во декември 2024 година.

Авторитарните владетели и крајно десничарските екстремистички движења сé повеќе се организираат на глобално ниво, споделувајќи тактики и ресурси преку националните граници. Овие ресурси вклучуваат широка мрежа на комуникациски и медиумски платформи, особено социјалните медиуми, преку кои шират дезинформации, лажни вести, лажни наративи и содржини која предизвикува поделби и омраза.Оваа пропаганда која брзо се шири сее страв, ја поткопува довербата во институциите, демократското владеење, па дури и науката, додека нуди измамнички ветувања за брзи и лесни решенија. Овој алармантен тренд беше катализатор за иницијативата која доведе до меѓународната конференцеија „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“. Во овој дух, повеќе од 80 учесници – вклучувајќи и 30 главни говорници и панелисти, меѓу кои и лидери за човекови права, меѓународни експерти и медиумски претставници – се собраа во Скопје, Северна Македонија, на 11-12 декември 2024 година, за да се вклучат во критички дискусии за најитните прашања на нашето време.

Конференцијата беше свикана од партнерските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог, Младите за медиумите (Германија) и Нов европски граѓански форум (меѓународна организација). Иницијативата доби финансиска поддршка од владата на Северна Рајна-Вестфалија (СРВ) како и непаричен придонес од министерството за надворешни работи на Литванија. Учесниците дојдоа од Белорусија, Босна и Херцеговина, Германија, Ирска, Косово, Литванија, Северна Македонија, Полска, Србија, Украина, Обединетото Кралство и САД. Настанот беше дел од Неделата на човекови права на СРВ, која содржи различни формати на оваа критична тема. Исто така, го одбележа и Меѓународниот ден на човековите права и 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Во време на растечки глобален екстремизам и авторитаризам, борбата за човекови права и демократија мора, исто така, да биде глобална. Политичките и општествените актери, институциите и иницијативите со демократски и умерени ориентации мора итно да најдат начини да се зајакнат, заштитат и издигнат еден со друг. Тие мора да споделуваат искуства, ресурси и најдобри практики, истовремено осигурувајќи дека овие напори ќе стигнат до пошироката публика и носителите на одлуки преку медиумите, правни дејствија и граѓански активизам.

Конференцијата ги пренесе своите порака моќно и ефикасно ги пренесе клучните сознанија, поттикнувајќи длабински дискусии кои  доведоа до конкретни препораки. Овие препораки беа развиени преку интензивен тримесечен процес, кој вклучуваше преписки и онлајн состаноци меѓу партнерите, како и консултации со експерти.

Конференциската програма вклучуваше работилници зад затворени врати во четири работни групи, состаноци за вмрежување и прес конференција на 11 декември, проследено со осумчасовна конференција со четири панели на 12 декември, што се пренесуваше во живо на англиски, македонски и албански јазик.

Состаноците за евалуација со партнерите и експерти на 13 декември, заедно со последователните состаноци и корепоснденција во месеците што следеа, дополнително ги подобрија овие препораки.

Овој извештај ги претставува клучните резултати на конференцијата – препораки за политики за дејствување што служат како основа за одржливо, стратешко дејствување за поддршка и одбрана на демократијата и човековите права на глобално ниво.

Како што беше договорено од партнерските организации на 13 декември 2024 година и одобрено од учесниците на конфернцијата, оваа работа продолжува во рамките на Иницијативата за одбрана на демократијата. Основачките членови на иницијативата се обврзаа на редовно ажурирање на постоечките препораки и воведување на нови врз основа на регионалните и глобалните настани. Ќе се потпира на релевантни мониторинг активности, извештаи и анализи од истакнати експерти и лидери во области клучни за нејзината работа.

Покрај препораки, овој извештај вклучува уредени презентации од главните говорници и панелисти, врз основа на целосни транскрипти, како и поглавје за активности, линкови и ресурси.

Одборот на основачи на Иницијативата и уредниците на овој извештај силно веруваат дека овој документ задоволува глобална потреба за одбрана на демократијата и човековите права. Тие предвидуваат да се развие во глобална платформа за комуникација, меѓусебна поддршка и координирана акција. Меѓутоа, неговото влијание зависи од широката дисеминација и непоколебливото застапување. Препораките во оваа публикација не смеат да останат на хартија – тие повикуваат на итна имплементација, колективен ангажман и постојани напори за спротивставување на авторитаризмот и заштита на демократските вредности. Ги покануваме сите засегнати страни – активисти, креатори на политики, медиуми и граѓанското општество – да ги застапуваат овие препораки и да ги претворат истите во конкретна акција.

Тоа што е во прашање не е ништо помалку од иднината на демократското управување и човековите права на глобално ниво. Како што авторитаризмот, екстремизмот и милитантниот, потстрекнувач на војни империјализам продолжуваат да ја загрозуваат демократијата, потребата за координирана, постојана и инклузивна акција од парламентите, владите, граѓанското општество, академијата и медиумите никогаш не била поитна.

Овие препрораки обезбедуваат клучен патоказ за сите кои веруваат во моќта на вистината, правдата и демократијата.

Времето да се дејствува е сега, а колективните напори на поединците, организациите и институциите се од суштинско значење за да се осигура дека демократските вредности ќе преовладуваат.

(продолжува)

Извор: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk