Поранешниот претседател на Mакедонија, Стево Пендаровски, во објава на Фејсбук сподели фотографии од денешната негова средба со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Срдечна средба со мојот пријател и пријателот на Македонија, претседателот на Република Хрватска, господинот Зоран Милановиќ, пишува Пендаровски во објавата.
Милановиќ, кој е во официјална посета на земјава, беше пречекан на скопскиот аеродром од шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, а со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со која имаше средба и заедничка прес-конференција. Милановиќ имаше и работен ручек со премиерот Христијан Мицкоски.
Ј. Ѓ.