ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

За пола месец се случија 4 убиства. Две убиства со пиштол во Скопје и Штип, едно убиство со нож во Шуто Оризари и едно убиство со секира во кичевско Србјани. Едно „убиство во обид“ со метален капак од шахта во Скопје.

May 12, 2025 14:39
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

На одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај, премиерот Христијан Мицкоски му додели благодарница на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и порача дека „нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност“.

„Добро е“ што актуелните власти си прават пи-ар со доделување меѓу себе некакви благодарници и се обидуваат да ни мачкаат очи дека безбедноста ни е на највисоко ниво и дека не треба да се грижиме за нашата безбедност. Добро е и што отворија фронт против криминалните структури и против (не)легалното оружје бидејќи кај ќе ни беше крајот – нема(ше) да се чувствуваме безбедни ни дома, ни во кафуле, ни пред полициска станица. Или и таму веќе не е безбедно?

За две недели 4 убиства

Две убиства со пиштол во Скопје и Штип, едно убиство со нож во Шуто Оризари и едно убиство со секира во кичевско Србјани. Едно „убиство во обид“ со метален капак од шахта во Скопје.

  • На 25 април, среде бел ден, лицето А.С.(31) е убиен при вооружена престрелка пред полициската станица на Бит Пазар. 
  • На 3 мај 2025 година, 36-годишната Рамајана Асан беше свирепо убиена од нејзиниот партнер со неколку убоди од нож во вратот и срцето во нејзиниот дом во Шуто Оризари, во присуство на 5 годишната ќерка.
  • На 8 мај, турски државјанин, Е.О (25), ладнокрвно е убиен во угостителскиот објект „Вами“ на плоштадот во Штип.
  • На 11 мај во кичевско Србјани, син го уби таткото со секира, мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба.
  • На 10 мај, во Скопје, во близина на Клубот на пратеници, турски државјанин со умисла се обидел да лиши од живот друг турски државјанин. По претходна вербална расправија, тие почнале физички да се пресметуваат и си разменувале удари од кои оштетениот паднал повреден на земја. Во тој момент осомничениот зел метален капак од шахта со кој повеќе пати го удирал оштетениот во главата. Додека оштетениот лежел на земјата во бесознание, осомничениот продолжил да го удира со нозе по главата и телото. Дури и кога на местото пристигнале полициски службеници, тој одбивал да престане со ударите додека не го совладале, со што на оштетениот нанел тешки телесни повреди поради кои во животозагрозувачка состојба тој бил хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

Турските државјани, едниот осомничен за убиство во Штип и другиот осомничен за обид за убиство во Скопје немале пријавено престојувалиште во земјава. Прашањето е – како го избегнуваа(т) законот да не пријавуваат престој во земјава? И колку такви лица има во земјава?

Дали има некој (осомничен) приведен за убиството во близина на полициската станица на Бит-Пазар?

Овие прашања ги испративме до МВР, но до објавување на текстот не добивме одговор.

Исто така се поставува и прашањето – што ќе се случеше доколку полицијата веднаш не ги приведеше? Односно, да имаа среќа „нечујно“ да ја поминат границата исто како што дојдоа и престојуваа во Македонија?

Осомничениот за убиство во Штип, откако пристигна во земјава купил пиштол за 1.100 евра, информираат надлежните органи. Меѓутоа, освен цената и марката на пиштолот, други податоци не се соопштени. На пример, кој е продавачот? Каде го купил? Има ли организирана група за шиткање на нелегално оружје?

Или ќе мора да се помириме со изјавата на министерот Тошковски дека „криминал имало и ќе има“, ама дека оваа власт ќе се бори со тие криминалци. Рака на срце, убијците веднаш се приведени, освен оние кои пукаа пред полициската станица во Бит Пазар. Но, нели е подобро да се спречи некакво убиство, отколку да се апсат убијците?

И додека власта се бори со криминалците, ние ќе се молиме да не нè погоди некој заскитан куршум додека седиме на кафе, се шетаме на улица или во некој трговски центар…

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот. 
Next Post

Јаневска: Во Штип, Битола и Скопје ќе ги користиме амфитетарите на универзитетите за полагање на државна матура

НАЈНОВО

Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

October 24, 2025

Дефект во системот ја блокира „Аљаска ерлајнс“: Привремено прекинати сите летови низ САД

October 24, 2025
Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk