ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССНМ: Оценките на претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

May 16, 2025 18:05
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро реагира и искажува загриженост од моделот на однесување кон новинарите на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која при гостувањето на емисијата ВинВин на ТВ Телма на 15 мај 2025 година искажа сериозно навреди кон колегата Боби Христов притоа користејќи недолични зборови за функцијата којашто ја извршува.

Сиљановска Давкова во забелешка на начинот на комуникација и поставувањето на прашања на колегата Христов говореше дека не било пристојно да се говори за луѓе што не се присутни на ТВ дебата и искористи квалификации „фрустрирачки“, „малициозно“ и „не личи на новинар“. Претседателката ја коментираше емисијата Топ Тема која на почетокот од оваа седмица беше емитувана на истиот медиум, а во која уредникот Боби Христов на гостите им постави прашање „колку е погорда Македонија со Гордана Силјановска Давкова една година на претседателската функција“.

ССНМ се сложува со претседателката Сиљановска Давкова дека медиумите и новинарите влијаат на перцепцијата на јавноста, но укажува дека оценката на работата на новинарите и медиумските работници која е јавна треба да биде со внимателно одбрани и издржани зборови, а не со лични квалификации за тоа дали некој личи или не личи на новинар, односно дали е фрустриран и малициозен.

„Потсетуваме дека развиеноста на едно демократско општество се мери и по разбирањето на улогата на медиумите во него, како и по прагот на толеранција кон критика кој го имаат функционерите, а кој по правило треба да биде повисок со оглед на тоа што вршат јавна функција.

Загрижува фактот дека оваа изјава доаѓа само неколку недели по извештајот на Репортери без граници, според кој падот на Македонија на индексот за слобода на медиуми е резултат, меѓу другото и на лошата оценка за политичкиот индикатор, односно дека е забележано „функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.

Европскиот акт на слобода на говорот на медиумите ваквите пораки до новинарите изнесени јавно ги толкуваат како директно мешање во уредувачката политика на медиумите и притисок врз слободата на новинарите. Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја повикува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите, а во продолжение и на кревките демократски односи во земјава’, се наведува во реакцијата од ССНМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Сиљановска ДавковаССНМ
Next Post

Мицкоски - Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со противкандидатот Мециновиќ, граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

October 21, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk