ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ахмети бара од Мицкоски објаснувања за „политиките кои го загрозуваат соживотот и мирот“

May 17, 2025 10:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Синоќа, на голем собир во Арачиново, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги заокружи мобилизациските средби на партијата со говор исполнет со силни пораки за еднаквост, партнерство и заштита на темелите на мултиетничката држава. Во преполна сала со граѓани,
Ахмети испрати јасни сигнали до оние кои се обидуваат да ја вратат државата назад, соопштуваат од ДУИ.

„Ние не ја носиме државата со себе– ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа! Албанците се над 30%, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста!“ – изјави Ахмети, отфрлајќи ги стравовите дека Албанците наводно „ја преземаат државата“.

Во центарот на неговиот говор беше јавниот повик до премиерот Христијан Мицкоски, од кого Ахмети побара директни објаснувања за политики кои го загрозуваат соживотот и мирот.

„Од овој собир во Арачиново, јавно му се обраќам на Христијан Мицкоски со барање да им објасни на албанските граѓани:

Зошто го менува Законот за употреба на јазиците?
Зошто го менува Охридскиот Мировен Договор?
Зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата?“, праша Ахмети.

Говорејќи за обидите за поделба меѓу Албанците и нивно заменување со т.н. „чесни Албанци“, Ахмети предупреди на враќање на опасни идеологии:

„Знаете ли кој ја користеше филозофијата за ‘чесните Албанци’? Милошевиќ! А секој што денес ја промовира таа идеја, ја оживува логиката која Албанците ја поразија“

Ахмети потенцираше дека Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“:

„Нѐ држеа потиснати, исплашени, протерани – но тоа заврши. Денес, Албанците имаат три универзитети и илјадници професионални кадри.
Ниту една сила не може да ја сопре оваа реалност!“, рече тој.

Зборувајќи за тенденциите кон едноетничка држава, Ахмети порача:

„Оваа држава повеќе не може да се води од само една страна. Не е во ничиј интерес да се загрози соживотот. Оние што му служат на злото, не можат да бидат наши партнери!“

Во завршницата, лидерот на ДУИ повика на мир, обединета Европа и слободно движење, спротивставувајќи се на идеите за „големи држави“ со визија за регионална интеграција:

„Ние не бараме Голема Албанија, ниту Голема Србија, ниту Голема Бугарија – туку Голема Европа без граници, како што направија Германија и Франција. Западен Балкан обединет во Брисел, во мир и конечно помирување!“

Tags: АхметиДУИМицкоски
Next Post

Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел

НАЈНОВО

Поевтинуваат бензините и дизелот

August 18, 2025
Фото: МО

Во Штип би можел да се изгради хибриден клинички центар на НАТО, најави Сиљановска Давкова

August 18, 2025

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција за локалните избори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk