ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чупеска: Десниот популизам и кај нас, не престанува да ја иритира јавноста и да создава тенденциозни и етноцентрични нарации

May 19, 2025 10:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Мултикултирализмот, е само едно од решенијата во ситемот на повеќеслојни одговори на глобалните предизвици. Мултилатерализмот е другото решение. За нас што живееме во Европа, решенијата се поврзани со стабилен регионализам, асоцирање со ЕУ и во силна полтичка заедница со современите и отпорни демократии и трансатлатизмот (НАТО)“, вели меѓудругото во интервју за ФЕС, Ана Чупеска – потпретседателка на СДСМ.

Според неа, Северна Македонија не е за среќа таква држава, туку во рамикте на својот политички систем и нормативно, и инстутуционално применува модел на либерална мултикултурна акомодација, низ низа уставни решенија кои произлегуваат од Охридскиот Рамковен Договор од 2001.

– Прашањето на мултикулрализмот, за општества на длабоки разлики е особено важно, прво од аспек на безбедноста; второ од аспек на субстантивна и инклузувна либерална демократија. Ова особено важи за Северна Македонија, имајќи го предвид конфликтот во 2001, чие решавање со ОРД успешно ги заокружи претходните два проблеми. Но,сепак, ова се оствари на ниво на политички систем, преку споделување на моќта (power shering) низ сите нивоа ПРЕДИЗВИЦИ БРОЈ 23 04|2025 35на власт : хоризонтално и вертикално; како и низ етаблирање на принципот за диференфијално граѓанство и пост – националната формулација на истото преку Преспанскиот договор; и секако низ принципите за гарантирано претставување на различните културни идентитети , групно специфичните права, редуктивното вето – бадентерово мнозинство. Имено, социјалната кохезија подразбира едно сосема друго ниво на меѓусебна социјална адаптација меѓу културите што делат ист простор, а тоа се остварува низ полтики на интеркултурализамж, истакна таа.

Интеркултурализмот, додава, затоа треба да добие свој рефлекс како додадена вредност кон нашиот модел на мултултурна акомодација; не да го замени, туку да овозможи поголема социјална кохезија.

– За ова се потребни многу одговорни поотички елити, кои ќе треба да ги напуштат етнокорпоративините политички апели. За жал десниот популизам (насекаде) па и кај нас, не престанува да ја иритира јавноста и да создава тенденциозни, суперматистички и етноцентрични нарации кои ги користи во мобилизација на гласови. Тоа е крајно неодговорно, во современите околности и останува предизвик за демократијата, наведува Чупеска.

Зборувајќи за тоа дали мултикултурализмот може да осигура економски и социјален просперитет во општества со различни културни позадини, таа вели дека услов за економско социјален просперитет е демократијата и нејзината резилиентност и отпор од автокрстски и популистички тенденции.

– И ако го земеме во предвид фактот дека услов за демократски развој е и одржлив политички систем кој има капацитет да акомодира длабоки разлики низ своите институции тогаш со сигурност можеме да ја повлечеме паралелата поставена погоре во прашањето. Одговорот е ДА, потенцира потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска.

Дестан Јонузи

Tags: Ана ЧупескамултикилтурализампопулизамСДСМ
Next Post

Конте: Наполи е блиску до титулата, но треба да го направиме последниот чекор

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk