Преку пет и пол милиони евра од издавање на градежни дозволи за згради, а ниту едно евро за ветените Градинка, училиште и катна гаража за жителите на Александрија! Ова е визијата на Градоначалникот Стојковски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров, истакна во изјава за медиуми, Маја Стојковска, советничка СДСМ и коалицијата во Советот на општина Ѓорче Петров.
„Иако тврдеа дека ќе има и градинка и училиште и катна гаража, кога шверцерски на вонредна седница изгласаа ДУП СО преку 4.000 станови, Bуџетот за 2025 и предлог ребалансот предвидуваат само висококатници. Затоа Советниците на СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА на седницата за ребаланс на буџетот ќе предложат измени на програмите и обезбедување на средства за изградба на училиштето, градинката и катната гаража, кои се исклучително важни за жителите на Александрија и Ѓорче“, рече Стојковска.