ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промоција на сликовницата „ДРУГАРКА, ДРУГАРКО И ДВЕ МАЧЕНЦА“

Една од ретките сликовници кај нас која се занимава со децата со нетипичен развој и носи пораки за инклузија и прифаќање

May 27, 2025 18:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО

Во сабота, со почеток од 17 часот, во дворот на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе се одржи промоцијата на сликовницата „Другарка, Другарко и две маченца“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Наташа Костовска.

Настанот, како што е објавено на социјалните мрежи, ќе има инклузивен карактер, а на него ќе настапат Мијата, Космонаутко и славејчињата, Беира Беки Салифоска и Леон Мемиш Апостоловски. За содржината и пораките на сликовницата, со авторот и илустраторката ќе разговара издавачот Дејан Трајкоски.

Сликовницата е во издание на Прозарт медиа и претставува продолжение на претходната „Другарко“, а овојпат главниот лик е Другарка, на која ѝ се придружуваат Другарко и двете мачиња – Рони и Бони. Заедно со нивниот фантазмобил, тие патуваат низ светови полни со љубов, разбирање и пријателство.

„Ова е една од ретките сликовници кај нас која се занимава со децата со нетипичен развој и носи пораки за инклузија и прифаќање“, велат од Прозарт медиа, кои ги покануваат децата и родителите да се приклучат на ова волшебно патување.

Издавањето на сликовницата е поддржано од Зегин, Шпаркасе Банка, Министерството за култура, Сити Флауерс и Дата Понс, а промоцијата се реализира во соработка со Домот на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода.

Ј. Ѓ.

 

Tags: Денис Јанкуловски Космонауткосликовница
Next Post

Арсовска: Меџити заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“ се исмева со граѓаните додека промовира туѓи проекти

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk