ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе се анализира до мај

Експерт ангажиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) до крајот на мај треба да изготви анализа за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со посебен акцент на релевантните меѓународни документи и анализа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, информираат од Министерството за правда. Во изработената анализа ќе бидат содржани и соодветни препораки

April 1, 2020 12:10
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Експерт ангажиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) до крајот на мај треба да изготви анализа за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со посебен акцент на релевантните меѓународни документи и анализа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, информираат од Министерството за правда. Во изработената анализа ќе бидат содржани и соодветни препораки.

Од Министерството за правда за „Мета.мк“ посочуваат дека по изготвувањето на анализата и првичната верзија на законските измени, во ова министерство ќе профункционира работната група, која врз основа на дадените препораки и предлози на експертот ќе заземе став за сите прашања поврзани со законот. Меѓу најзначајните теми што ќе треба да се разгледаат е евентуалната можност за укинување на навредата од актуелниот закон, како и определувањето на висината на идните износи на штета што би се досудувале во случаи на клевета.

– Работната група која ќе работи на измените и дополнувањата на законот ќе биде составена од претставници на Здружението на новинари, судии, претставници од науката и претставници од Министерството за правда – потенцираат од ова министерство.

Од Министерството велат дека роковите за изготвување и донесување на новиот закон ќе зависат и од развојот на настаните поврзани со корона вирусот во нашата земја. Како и да е, измените на постојниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе бидат засновани на анализата на праксата на ЕСЧП и компаративните демократски искуства.

Ревидирањето на македонското законодавство во делот на навредата и клеветата е една од клучните препораки од извештајот на Рајнхард Прибе и итните реформски приоритети што треба да се спроведат во сферата на медиумите и слободата на изразување. Од актуелниот Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета треба да се отстранат случаите од типот на „чест”, „достоинство” и „навреда”, кои се поведуваат во согласност со законската дефиниција за навреда, а се надвор од опфатот на дефиницијата за навреда во смисла на членот 10 од Европската конвенција за човекови права.

Next Post

ОБСЕ загрижени за декретот на „неопределено“ за апсолутна власт на Орбан во време на пандемија

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk