Светската здравствена организација (СЗО) ќе ѝ додели помош на Северна Кореја од 900.000 долари во борбата против ширењето на новиот корона вирус.
Властите во Пјонгјанг тврдат дека во земјата сѐ уште нема заразени од Ковид-19, но набљудувачите тврдат дека тоа е малку веројатно.
Во Северна Кореја се во сила мерки за борба против корона вирусот, вклучително и затворање на границите и воведување карантин за спречување на епидемијата.