Денес е 4 јуни, ден на сеќавање на децата кои станаа жртви на рускиот терор, објави Министерството за внатрешни работи на Украина и наведе податоци според кои, од почетокот на целосната руска воена инвазија врз Украина, како резултат на руските воени злосторства, 631 дете загинало, а уште 1971 се повредени.
По тој повод, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на 1197 ден од руската војна во Украина посочи дека на 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската војна. Од почетокот на целосната руска воена агресија, загинаа 631 дете, а 1971 дете беа повредени. Младите животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот. #StopRussia
Ден 1197. На 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската војна.
Од почетокот на целосната руска воена агресија, загинаа 631 дете, а 1971 дете беа повредени.
Младите животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот.#StopRussia pic.twitter.com/XkqNFwE0w4— Larysa Dir (@dir_larysa) June 4, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави видео во спомен на децата убиени од Русија во нејзината војна и истакна дека во спомен на секое убиено дете треба да има вистинска солидарност на светот – во Европа, во Америка, во другите делови од светот – за Русија да биде одговорна за она што го сторила и да биде принудена да го врати украдениот мир во Украина.
„Овие деца беа убиени од Русија со нејзината војна. Момчиња и девојчиња чии животи беа прекинати од руски напади и гранатирање, од непријателства што Украина не ги сакаше ниту секунда, но од кои се бранеше со години“, рече претседателот Зеленски во описот на објавеното видео. – На 4 јуни им оддаваме почит на сите такви деца“.
Претседателот нагласи: „Светот не смее да ја заборави и да ѝ прости на Русија за оваа ужасна болка и таква агресија – апсолутно неиспровоцираната и криминална руска војна против Украина“.
Во спомен на секое убиено дете, во спомен на секој уништен човечки живот, мора да има вистинска солидарност на светот – сите во Европа, сите во Америка, сите во другите делови на светот – за Русија да биде одговорна за она што го сторила и да биде принудена да го врати украдениот мир на Украина и Украинците, нагласи Зеленски.
Д. Мишев / Цивил Медиа