ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

June 4, 2025 16:05
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Да, Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој. Ама од позади. Само Молдавија, Косово и Босна се помалку развиени од нас. И Албанија беше, ама лани нѐ престигна, вели професорот Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Северна Македонија е четврта економија во ЕУ.

„Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ. Албанија е на 43%, Србија е на 51%, Црна Гора на 53%. Јас тука навистина не гледам ништо за радување“, вели Јовановиќ.

Јовановиќ вели дека вакви слични приказни – дека сме трета економија во светот – имаше и Груевски пред десетина години, па гледаме каде дојдовме од сето тоа. Според него, жално е што оваа влада почнува толку многу да наликува на таа.

„Можеби јас не сум објективен – нека излезе премиерот на улица, нека им каже на луѓето дека сме четврта економија во Европа, па да видиме како ќе реагираат“, вели тој.

Професорот Јовановиќ додава дека она што е можеби уште потажно е што дури ни за овој раст од првиот квартал од 3% не може да се каже дека е четврти во Европа. Многу земји сѐ уште немаат објавено податоци за првиот квартал, посебно оние блиску до нас, кои обично имаат висок раст, како Албанија, Косово, Црна Гора, Босна, Турција, Романија.

Дури и од оние кои има објавено податоци, вели тој, четири веќе имаат повисок раст од 3% – Ирска, Данска, Полска и Литванија, а две имаат точно 3% – Кипар и Малта.

„Наместо да пласира вакви полувистини, би му препорачал на премиерот да се зафати со работа, и да почне да ги реализира проектите кои толку бомбастично ги најавуваше. Од унгарската милијарда ништо не видовме, државните капитални инвестиции никогаш не се реализирале послабо, автопатот кон Охрид стои, за железницата која викаат ќе ја градат со британскиот заем не знаеме ни дали има проект. Кога ќе изградат“, истакна Јовановиќ.

Од Владата на Република Северна Македонија велат дека промените во Северна Македонија се случуваат и тоа станува сè повидливо и појасно, македонската економија доживува ренесанса. Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечки економии во Европа. 3,4 проценти е растот на Бруто домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, согласно прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика.

„Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил „Евростат“, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска“, рече вчера премиерот Мицкоски.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post
Генерирано со ВИ

ЕК: Бугарија ги исполнува критериумите за приклучување кон еврозоната во јануари 2026 година

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk