ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анкета на НДИ: Граѓаните му даваат втора шанса на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ не заслужува да победи

Според анкетата Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ води за 5% пред коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Ова се резултати од анкетата на прашањето за кого ќе гласате на изборите на 12 април. Според оваа анкета СДСМ има 22.9 отсто од гласовите, БЕСА има 1.7 отсто, па со тие проценти од 24.6 водат пред ВМРО ДПМНЕ која има 19.6 проценти.

April 2, 2020 15:21
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот демократски институт објави анкета на која СДСМ убедливо води пред ВМРО ДПМНЕ. Висок е процентот на граѓани кои се изјасниле дека СДСМ заслужува втора шанса. Дури 43 отсто од испитаниците веруваат дека оваа партија треба да го заврши тоа што го почнала. 47 отсто од граѓаните пак сметаат дека ВМРО ДПМНЕ не заслужува да победи на изборите.

Според анкетата Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ води за 5% пред коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Ова се резултати од анкетата на прашањето за кого ќе гласате на изборите на 12 април. Според оваа анкета СДСМ има 22.9 отсто од гласовите, БЕСА има 1.7 отсто, па со тие проценти од 24.6 водат пред ВМРО ДПМНЕ која има 19.6 проценти.

Сите позитивни атрибути, гласачите преку анкетата на НДИ, ги поврзуваат со СДСМ. 43 отсто одговориле дека ЕУ и НАТО се врзуваат со СДСМ, а само 14 со ВМРО ДПМНЕ. Во борбата против корупција во СДСМ веруваат 21 отсто, додека во ВМРО ДПМНЕ само 14. 27 проценти рекле дека СДСМ испорачува резултати, а 18 дека тоа го прави ВМРО ДПМНЕ. На крајот на прашањето дали им верувате, СДСМ има поддршка од 27 отсто, додека ВМРО ДПМНЕ од 19 проценти.

Во анкетата на НДИ спроведена во периодот пред да се одложат изборите, лидерот на СДСМ има наклонетост од 44 отсто од граѓаните. За разлика од него, лидерот на ВМРО ДПМНЕ има само 25 отсто. Висок е и процентот на граѓани, 48 отсто, кои ја одобруваат работата на Заев како премиер.

Позитивниот скор што го бележи Заев во анкетата се должи и на меѓународните политики. Имено високи, над 80 отсто од граѓаните веруваат во ЕУ и во НАТО. А исто така, огромен број гласачи веруваат дека државата има капацитет да преговара за влез во Европската Унија.

На прашањето дали државата оди во правилна насока 34 отсто одговориле потврдно, а 20 отсто негативно. Како причини за подобрување на ситуацијата граѓаните ги наведуваат покачената минимална плата, покачените пензии, подобрувањето на економијата.

Линк до анкетата на Националниот демократски институт (НДИ), ТУКА.

Next Post

Твитер отстрани профили од Србија, Египет, Индонезија со владини пропаганди

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk