ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски ќе бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот од Вајц на ЕП

June 19, 2025 13:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска  изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц за Македонија, но напомена дека деновиве добива информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку тој извештај биде изгласан, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната проевропска Влада на Бугарија.

Мицкоски ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање по отворање на комплексот „Македонско село“, за неговите очекувања од 24 јуни, за кога беше одложено гласањето на Предлог-извештајот за земјава во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

-Јас би бил најсреќниот човек доколку тој извештај се изгласа на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), потоа тој оди на седница на ЕП. Деновиве добивам информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада дека ако тој извештај биде изгласан тоа можело да ги радикализира проруските струи против сегашната проевропска Влада на Бугарија. Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес, за кој од опозициската СДСМ или генерално од опозицијата се подготвени на слепо само да потпишуваат. Замислете кога би биле така непромислени и лековерни политичари, каде би бил крајот. Но ние ќе се бориме, ќе продолжиме да се бориме и дел од членовте на АФЕТ и европратенците ни даваат голема поддршка, нагласи Мицкоски.

Премиерот дополни дека за нас е доволно што конечно излегла на површина вистинската бугарска стратегија.

-За нас е доволно што конечно излезе на површина вистинската причина и стратегија, која доаѓа од нашиот источен сосед, а тоа е создавање на сегашна македонска нација, со сегашен македонски идентитет, кој го говори својот сегашен мајчин јазик, а кој почива на бугарски корени, изјави Мицкоски.

На предлог на известувачот Томас Вајц, АФЕТ на 4 јуни го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни, со образложение дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

– Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни, порача Вајц минатата недела.

Во врска со можноста за средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков, на маргините на Самитот на НАТО следната недела, Мицкоски денеска изјави дека доколку постои таква иницијатива секако дека треба да ја прифатиме, но оти таа треба да потекне од оној кој ја предложи самата средба на високи ниво, односно од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Мицкоски, како што информираше мината недела нема да присуствува на Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Сиљановска Давкова, а како што најавија од Софија наместо нивниот претседател Румен Радев на Самитот ќе присустува премиерот Росен Жељазков.

Next Post

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран, но не забележа прилив на мигранти

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk