СОРАБОТКАТА на Министерството за одбрана и Армијата со Министерството за здравство и Град Скопје денес резултираше со целосно поставување на армиската мобилна болница „Role 2“ која Армијата ја подигна за проширување на капацитетите на Инфективната клиника која го згрижува заболените граѓани од COVID-19.
КОНФЕДЕРАЦИЈАТА на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа денеска испратиле предлог до Владата деновите од 4 до 20 април да бидат неработни.
ВО анкетата на НДИ спроведена во периодот пред да се одложат изборите, лидерот на СДСМ има наклонетост од 44 отсто од граѓаните. За разлика од него, лидерот на ВМРО ДПМНЕ има само 25 отсто. Висок е и процентот на граѓани, 48 отсто, кои ја одобруваат работата на Заев како премиер.
ОД Твитер се отстранети 2.541 сметка што се поврзуваат со египетскиот весник „Ел Фагр“ поради создавање лажни сметки кои генерираа пораки кои ги критикуваат Иран, Катар и Турција.
ВЛАДАТА на Република Северна Македонија дава континуирана поддршка на лицата со аутизам и нивните родители и семејства, и во таа насока, на годинешниот 2-ри април се придружува на останатите земји и својата зграда ќе ја осветли во сина боја.
ВЛАДАТА објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со корона вирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.