ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: За само една година со Цветан Трипуновски земјоделците никогаш не биле во полоша положба

June 26, 2025 14:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Од ветените жетви на Цветан Трипуновски останаа само празни ниви, понижени земјоделци и влошена состојба во македонското земјоделство, се нагласува во соопштението од СДСМ.

И денес, наместо конкретна поддршка и решенија, Трипуновски продолжи со политички манипулации, лажни изјави и бегство од реалноста во која живеат земјоделците.

Фактите говорат јасно:
-Цената на оризот за една година е намалена од 40 на 25 денари за килограм.
-Жетвата на јачмен започна со исти – ниски – откупни цени како лани.
-Сточарите добиваат понизок откуп на млекото, за еден денар помалку, а субвенциите им се намалени.
-За производителите на сончоглед укинати се 6 денари од Интервентната програма што постоеше до пред една година.
-Се суши тутунот на полето во Прилепско, се намалија оризовите насади поради нефункционални системи за наводнување и нефункционирање на институциите, сооштуваат од СДСМ.

Земјоделците една година добиваат само помалку:
– Помалку субвенции,
– Помалку поддршка,
– Помалку сигурност,
– А добиваат повеќе – страв, притисоци и понижување.

Програмите за мали семејни бизниси се укинати, социјалната димензија на земјоделството е целосно игнорирана. Тоа е вистинската слика на едногодишното „работење“ на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН со Цветан Трипуновски во ресорот земјоделство, истакнуваат од СДСМ.

За само една година, земјоделците никогаш не биле во полоша положба – со ова темпо, сè повеќе полиња ќе останат необработени, а македонското село ќе биде целосно напуштено.

СДСМ останува на страната на земјоделците – со јасни мерки, системски решенија и почит за нивната работа и достоинство, се наведува во партиското соопштение.

Next Post

Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk