ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025 19:43
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот топлотен бран оваа сезона ги зафати балканските држави, носејќи рекордни температури и зголемен ризик од пожари. Метеоролозите предвидуваат дека жештините ќе завршат во текот на викендот со очекувани дождови и значително разладување, пренесува БТА.

Во изминатите денови, температурите во повеќе балкански земји надминаа 40 степени Целзиусови. Во Турција, особено во Централна Анадолија и јужните региони, температурите беа за 5 до 8 степени повисоки од просекот, според податоците на сајтот „Дувар“. Во Истанбул вчера беа измерени речиси 40 степени, а жителите бараа спас во парковите и на море. За викендот се прогнозира нагло опаѓање на температурите за околу 10 степени, со поројни дождови во Истанбул, Анкара, Тракија и Источното Црноморие, објави државната телевизија ТРТ Хабер.

Во Грција, топлотниот бран започна во средата, а во Атина беа отворени климатизирани простории за ранливите категории граѓани. Грчкото издание „Катимерини“ објави дека е воспоставена телефонска линија за совети за справување со здравствени проблеми предизвикани од жештините. За викендот се очекува разладување со засилени северни ветрови, кои во Егејското Море може да достигнат осум степени според Бофортовата скала.

Во Романија, вчера и завчера  беше прогласен жолт и портокалов аларм за опасни жештини, особено во Букурешт и 12 окрузи, вклучувајќи ги Олтенија, Мунтенија и јужна Добруџа. Општината во Букурешт постави системи за ладење со водена магла и започна кампања за делење минерална вода. Министерката за животна средина, води и шуми, Дијана Бузоану, повика на итни мерки за ублажување на последиците од топлото време. Според Националната метеоролошка служба, во наредните четири недели температурите ќе останат над нормалата без значителни врнежи.

Во Србија, вчера беа регистрирани температурни рекорди на 16 локации. Во Белград, поради урбанизацијата и недостигот на зелени површини, беа забележани „топлински острови“ со температури до 7 степени повисоки од околината. Лекарите предупредуваат дека високите температури, во комбинација со влажноста, претставуваат ризик за постарите лица со срцеви проблеми. Локалните власти препорачуваат ослободување од работа при температури над 32 степени во неколку последователни дена.

Топлото време го зголеми ризикот од пожари. На грчкиот остров Хиос беше прогласена вонредна состојба поради пожари што опустошија над 6.000 хектари и предизвикаа евакуација на села и мигрантски центар. Пожарот, предизвикан од фрлен отпушок, резултираше со тригодишна затворска казна и глоба од 10.000 евра за одговорната личност. Во областа Атика, пожари уништија четири куќи и предизвикаа евакуација на пет населени места.

Во Турција, пожар избувна во средата меѓу градовите Фоча и Алиага во Измир, предизвикан од нелегално палење отпад. Пожарникарите го локализираа огнот, а осомничениот е приведен. Друг пожар избувна во планинска област близу село Јомероба во округот Одрин, на околу 10 километри од бугарско-турската граница, јави Анадолија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Балкантемператури
Next Post

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

НАЈНОВО

Фото: Креирано со помош на ВИ

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

October 3, 2025
Фото: МИА

Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО, ги препраќаме до МЗ

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео

Хамас бара повеќе време за да го проучи ултиматумот на Трамп за прекин на војната во Газа

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk