ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Данска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“

June 30, 2025 09:48
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.

– ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени нивоа на конфликти. Затоа ЕУ мора да биде способна да дејствува самостојно. Силата на ЕУ, меѓу другото, лежи во европското единство, солидна економска основа, стабилни демократии и социјално балансирани општества. Оваа сила мора да продолжи да се развива и да се користи за промовирање и одбрана, како на европските интереси, така и на меѓународниот правен поредок, се наведува во Програмата за работа на Данското претседателство.

Во документот се посочува дека Данското претседателство ќе работи на силна и решителна ЕУ што ја презема одговорноста за сопствената безбедност и за зајакнување на својата конкурентност, за што ќе биде потребно претворање на зборовите во дела и справување со предизвиците со кои се соочува Унијата.

Како приоритети на Данското претседавање се наведени зајакнувањето на европската безбедност, подобрувањето на конкурентноста и зачувување на водечката позиција на Унијата во зелената транзиција, за која се вели дека е од суштинско значење за градење побезбедна и поконкурентна Европа.

При промоцијата на приоритетите на Претседателството, данската министерка за европски прашања Мари Бјер посочи дека Данска го презема претседавањето со ЕУ во услови на нова геополитичка реалност, со променливи политички ветрови што дуваат од САД и со се поагресивната Русија.

– Приоритетите на Владата во претседавањето со ЕУ се внимателно избрани како одговор на итните предизвици со кои се соочува Европа. За нас е важно да обезбедиме пред 2030 година Европа да може да се одбрани. Исто така, постои итна потреба да се подобри конкурентноста на Европа. Поради овие причини, зајакнувањето на одбраната на Европа и отстранувањето на оптоварувачките регулативи, истовремено со одржувањето на зелената транзиција, ќе бидат два од најважните приоритети за Данското претседателство со ЕУ, изјави Бјер.

Данското претседателство со ЕУ најавува и продолжување на поддршката за Украина и изнаоѓање нови и иновативни решенија за предизвиците на Унијата во врска со нерегуларната миграција за да може да се контролира приливот на илегални мигранти во Унијата.

Данска ќе се стреми и за постигнување напредок во рамките на процесот на проширување, за да можат да се преземат конкретни чекори напред во преговорите со земјите кандидатки за членство.

– Колку далеку ќе можеме да стигнеме, ќе зависи и од самите земји и резултатите што ќе ги постигнат во сеопфатните реформски процеси што ќе ги доближат до ЕУ, се посочува во Програмата за работа на Данското претседателство.

Проширување 

Според Данска, понатамошното проширување на ЕУ е геополитичка неопходност, како единствениот начин ЕУ ефикасно да придонесе за стабилизирање на европскиот континент и зајакнување на отпорноста на земјите ранливи на несакано надворешно влијание.

– Затоа, Данското претседателство ќе работи амбициозно на промовирање на проширување на Унијата врз основа на заслуги и ќе ја подготви ЕУ за проширување преку внатрешни реформи. Согласно тоа, Данското претседателство ќе ги унапреди преговорите за проширување со Украина, Молдавија и Западниот Балкан, се вели во Програмата.

Во документот се посочува дека проширувањето е тесно поврзано со напорите за почитување на фундаменталните вредности на ЕУ за демократија и владеење на правото.

Општи работи 

Зајакнувањето на отпорноста на ЕУ за справување со актуелните и идните кризи ќе биде централен фокус на Претседателството, а за да се зајакне конкурентноста тоа ќе се фокусира на агендата за поедноставување и потребата од подобро и поедноставно законодавство на Унијата.

– Исто така, ќе работиме на зајакнување и продлабочување на односите на ЕУ со Велика Британија и другите западноевропски земји кои не се членки на ЕУ, се наведува во Програмата.

Данското претседателство ќе се посвети и на првите фази од преговорите за предлогот за Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ (МФФ) за периодот по 2027 година, како и за посовремена и поефикасна европска политика за кохезија.

Надворешни работи 

Во делот на Програмата посветена на надворешната политика на ЕУ се наведува дека во услови на руската инвазија врз Украина и променливиот геополитички пејзаж карактеризиран со неизвесност, глобална стратешка конкурентност, трка во технолошкиот развој и зголемени конфликти, Данското претседателство ќе работи на изградба на поцврста и поотпорна Унија која ќе преземе поголема одговорност за сопствената безбедност.

– Целта е до 2030 година Европа да може да се одбрани сама. Ова исто така ќе претставува кредибилен придонес кон евроатлантската безбедност. Европската одбранбена индустрија мора да се зајакне. Политичката, воената, економската и цивилната поддршка за Украина, како и политиката на ЕУ за одржување на притисокот врз Русија, вклучително и преку санкции, мора да продолжат, се наведува во документот.

Претседателството ќе се насочи и на зајакнување на глобалните партнерства, постигнување договори за трговска и економска соработка и на мобилизација на финансирање, како и на заштита на меѓународниот поредок базиран на правила и ефикасниот мултилатерализам.

Економски и финансиски прашања 

Данското претседателство ќе работи на обезбедување силни и отпорни европски економии, спроведувањето на фискалните правила, намалувањето и поедноставувањето на товарот, подобрувањето на регулативите за европските бизниси и мобилизација на приватни инвестиции, за што се потребни економски реформи и здрави и одржливи политики.

– Претседателството ќе се фокусира и на мобилизација на финансии за зајакнување на европската одбрана. Ова вклучува унапредување на Планот за ревооружување на Европа и одржување на финансиската поддршка за Украина, земајќи ја предвид долгорочната обнова на земјата во целосен обем по нелегалната руска инвазија, се додава во Програмата.

Правда и внатрешни работи 

Данска ќе работи на обезбедување безбедна и стабилна Европа со приоритет на справувањето со нерегуларната миграција и обезбедувањето ефикасна контрола на надворешните граници на ЕУ.

Претседателството, исто така, ќе продолжи и со борбата против сериозниот и транснационалниот организиран криминал, шверцот на дрога и другите кривични дела извршени од организирани криминални мрежи, кои влијаат врз луѓето и општеството.

Данското претседателството ќе се фокусира на спречување на злоупотребата на новите технологии, обезбедување заштита на основните права, зајакнување на внатрешната безбедност и отпорност и справување со сегашните и идните кризи, катастрофите и другите безбедносни закани.

Вработување, социјална политика, здравство и права на потрошувачите 

Данското претседателство со своите програми во сферата на вработувањето, социјалната политика, здравството и правата на потрошувачите ќе се насочи на зголемување на конкурентноста на Европа, преку обезбедување конкурентен пазар на трудот, обезбедување пристојни и фер услови за работа, заштита на работните места и развој на вештини согласно потребите на пазарот на трудот за во иднина.

Во делот на здравствени предизвици, Данското претседателство ќе се фокусира на биолошките науки, зајакнување на безбедноста во снабдувањето и на капацитетите за иновации во ЕУ, обезбедување пристап до лекови и зајакнување на отпорноста на здравствениот систем.

– Претседателството има за цел да промовира социјална кохезија, да се бори против социјалната исклучивост и да обезбеди инклузивност за сите граѓани. Претседателството ќе работи на тоа да се осигури дека правата, еднаквоста и еднаквите можности ќе важат за сите, се додава во Програмата.

Конкурентност 

Врз основа на Европскиот компас за конкурентност, Данска ќе се насочи на зајакнување на економските темели на Европа како клучна основа за поголема отпорноста и економската безбедност, обезбедување стабилни синџири на снабдување, зајакнување на глобалната позиција на ЕУ и создавање можности за раст преку иновации базирани на истражување.

– Данското претседателство ќе ја промовира зелената транзиција како клучен двигател на растот, фокусирајќи се на декарбонизација на индустријата и воспоставување соодветни рамковни услови за да се обезбеди пристап до основни суровини и прифатлива енергија, се вели во програмата.

Претседателството ќе се фокусира на поедноставување на законската регулатива за работењето на бизнисите и зголемување на иновациите во критичните технологии, како вештачката интелигенција, квантната технологија, биотехнологијата и вселенската технологија.

Транспорт, телекомуникации и енергетика 

Данска ќе продолжи со напорите за зајакнување транспортниот сектор, дигиталната инфраструктура, телекомуникациите и внатрешниот енергетски пазар на Европа. Данското претседателство ќе се фокусира на зголемување на конкурентноста во транспортот, зајакнување на телекомуникациската инфраструктура и дигиталната конкурентност и заштитата на децата и младите луѓе на интернет.

– Во однос на енергетиката, Претседателството ќе работи на унапредување на иницијативите и мерките што можат да ја зајакнат безбедноста на снабдувањето, конкурентноста и зелената транзиција на Европа. Ова вклучува континуиран фокус на обезбедување доволно производство на чиста, прифатлива енергија и независност на ЕУ од руската енергија, се додава во документот.

Земјоделство и рибарство 

За време на претседавањето со ЕУ, Данска ќе работи на олеснување на секојдневниот живот на земјоделците, рибарите и производителите на храна и ќе се фокусира на поедноставување и подобра регулатива во политиките за земјоделство, храна и рибарство.

– За да се забрза зелената транзиција и да се обезбеди робустен, пазарно ориентиран земјоделски сектор, од суштинско значење е да се создаде рамка на политики што ќе ги поттикнува иновациите и развојот на храната и земјоделството, се вели во данските приоритети.

Животна средина 

Данското претседателство ќе се насочи да обезбеди дека зелената транзиција придонесува за посилна, отпорна и конкурентна Европа, намалувајќи го влијанието врз животната средина и подобро заштитувајќи ги природните ресурси, а воедно обезбедувајќи континуирано намалување на емисиите на стакленички гасови во сите сектори.

Во тие рамки ќе се работи на унапредување на европските решенија за клучните предизвици поврзани со климата, ресурсите, загадувањето, природата и биодиверзитетот, при што посебен акцент ќе се стави на остварување на климатските цел на ЕУ до 2040 година и постигнување на климатска неутралност до 2050 година.

Образование, млади, култура и спорт 

Данското претседателство планира да се насочи на зајакнување на европската соработка во областа на образованието, со посебен поттик на стручното образование и обука согласно потребите на индустријата.

– Претседателството ќе ја нагласи пошироката општествена улога на културата и ќе охрабри понатамошна работа на медиумските аспекти на Европскиот штит за демократија, што може да ги заштити демократиите од дезинформации и странско мешање преку слободни, плуралистички и сигурни медиуми, како и на промовирањето на поголема транспарентност и демократско донесување одлуки во меѓународниот спорт, се додава заклучоците.

Данска го презема претседавањето со Советот на ЕУ од Полска, чии приоритетите беа поврзани со зајакнувањето на безбедноста на Европа во сите нејзини аспекти.

Next Post

Нетанјаху: Војната со Иран создаде можност за враќање на заложниците од Газа

НАЈНОВО

„Охрид SOS“: Продолжува бришењето на јавниот интерес со потпис на градоначалник и министер

August 18, 2025

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk