ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот: Проектираниот раст на даночните приходи амбициозен

July 1, 2025 11:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со зајакнувањето на експанзивноста на фискалната политика, преку ребалансот на Буџетот, упорноста на инфлацијата ќе остане и во следниот период,  укажува Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк. Предвидува дека извесната материјализација на ризикот од неостварување на даночните приходи со крајот на годината ќе се компензира со потреализацијата на капиталните трошоци, со што годината ќе заврши со проектираниот – или понизок – буџетски дефицит.

Фајнанс тинк во денеска објавениот коменатр за ребалансот на Буџетот го реафирмира ставот дека проектираниот раст на даночните приходи од 12,6 проценти, односно повеќе од двојно повисоко од збирот на проектираната реална стапка на раст на БДП и (ревидираната) стапката на инфлација, е амбициозен.  Во таа насока, посочува, говори и реализацијата на даночните приходи во првите пет месеци од годинава која изнесува 37,6 проценти (споредено со пропорционален процент на остварување од 41,7 проценти), слично со остварувањето кај приходите од ДДВ (36,9 проценти), акцизите (34,4 проценти) и увозните давачки (36,6 проценти), а кои, потенцира Институтот, претставуваат директен одраз на пулсот на економијата.

Според Фајнанс тинк, сепак, вредно за обележување е дека неданочните приходи се зголемуваат во износ од 4,2 милијарди денари, кои во значаен дел се остварени од финансискиот резултат на Народната банка, обезбеден преку законски измени порано во текот на годинава со кои се овозможи 85 проценти од финансискиот резултат на Народната банка да се уплаќа во Буџетот на државата. Со ваквото зголемување на буџетските приходи се овозможи зголемување на буџетските расходи, и тоа најмногу кај платите на јавната администрација (830 милиони денари), стоките и услугите (1,8 милијарди денари) и пензиите (2,5 милијарди денари).

Со ова реструктуирање на буџетските расходи Институтот смета дека неповолно се влијае врз солидно-отпочнатиот процес на фискална консолидација.

– Прво, зголемувањето на буџетските трошења кои влијаат врз агрегатната потрошувачка има ризичен потенцијал да ја одржи упорноста во растот на цените во текот на целата 2025 и почетокот на 2026 година. Особено загрижувачки е што растот на трошоците за пензиите се искачи на 16,8 процети во однос на трошокот во 2024 година, имајќи предвид дека и растот од 14,8 проценти при првото проектирање на Буџетот беше висок, велат од Фајнанс тинк.

Потсетуваат дека уште во претходниот коментар за Предлог-Буџетот  за 2025 година укажале: „Овие две ставки [платите и пензиите, н.з.] се особено значајни бидејќи ја ослабуваат фискалната консолидација и остануваат да бидат одраз на експанзивниот карактер на фискалната политика, и оттука основен извор на инфлациски ризик во 2025 година.“

– Овие укажувања и се материјализираа, бидејќи инфлацијата во првите пет месеци од 2025. година изнесува 3,7 проценти и останува високо упорна, и покрај рестриктивната монетарна политика и владините мерки за замрзнување на маржите и цените во сегментот храна. Со зајакнувањето на експанзивноста на фискалната политика, преку ребалансот на Буџетот, упорноста на инфлацијата ќе остане и во следниот период, велат од Институтот.

Како втор аргумент наведуваат дека зголемување на ставката „стоки и услуги“, пак, расте со 22,5 проценти во однос на остварувањето од 2024 година, што е големо забрзување на растот кој беше висок и при иницијалното проектирање (14,8 проценти). Имајќи предвид дека оваа ставка е недоволно транспарентна и вклучува, на пример, договори на дело како форма на квази-вработување во јавната администрација, истата крие ризици особено во година на локални избори, велат од Фајнанс тинк.

Со ребалансот, капиталните расходи се задржуваат на слично ниво како и при иницијалната проекција од декември 2024 година, но, посчува Институтот, заклучно со мај 2025 тие се реализирани само со 22,5 проценти. Според тоа, Finance Think предвидува дека извесната материјализација на ризикот од неостварување на даночните приходи со крајот на годината ќе се компензира со потреализацијата на капиталните трошоци, со што годината ќе заврши со проектираниот – или понизок – буџетски дефицит, се наведува во коментарот за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година.

Tags: БуџетФајнанс тинк
Next Post

„Од MOБ за Скопје“, гала концерт на 5 јули на Плоштадот Мајка Тереза

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk