ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Перински: В недела ќе се знае кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за прв човек на Град Скопје

July 4, 2025 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генерално нашите очекувања за победа на претстојните локални избори се големи и базирани  се на  историски позитивни бројки во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Очекувањата, базирани на тие бројки, дополни, се дека можеби и во секоја општина во Македонија имаме шанси да победиме.

– Секако тука го ставам и овој коментар за градот Скопје каде што навистина нашата партија е доминантно позиционирана и не очекувам никакви изненадувања. Во делот на општина Центар навистина се ова е во некоја фаза би рекол на шпекулација, за многу кратко време ќе се затвори овој процес, барем од наша страна и за неколку дена би имале потврда на тоа како ќе настапиме во следниот период, посочи Перински, на новинарско прашање на прес-конференцијата за отчетот за првата година од мандатот.

Во коментар на неофицијални информации дека в недела на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе добие поддршка за кандидатура за градоначалник  на  Скопје, а за која и тој се споменуваше,  Перински рече да се почека со состанокот, но најави дека кандидатот што ќе биде соопштен ќе има целосна поддршка од него.

– Оваа информација која што вие ја споделивте се уште ја немам. Најдобро е да почекаме до недела, точно е, во 12 и 30 нашата партија ВМРО ДПМНЕ има закажано состанок на ИК. И очекувано е да се соопшти името за градот Скопје, не само за Орце Ѓорѓиевски, туку и за кој било кандидат којшто ќе биде поддржан од мојата партија. Пред се, тоа е огромна чест и ќе ја има мојата целосна поддршка, не само во насока на спроведување на програмата, туку и  во кампањскиот период којшто ќе не очекува во очи на локалните избори, рече Перински.

Уверува дека во ресорот работел посветено, но не поради кандидатура за прв човек на Град Скопје.

– Дадов се од себе, во делот на она што можам да го направам од овој ресор, но тоа не беше главно фокусирано кон кандидатурата за потенцијален кандидат за град Скопје, туку тоа е принципот којшто јас работам. И без разлика кој и да биде кандидат за градоначалник, повторно кажувам, ја има мојата целосна поддршка, а моето темпо на работа ќе си продолжи исто како и до сега, потенцира Перински.

Tags: ПеринскиСкопје
Next Post

Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk