ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025 19:04
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ХРОНИКА
Фото: ЦУК

Фото: ЦУК

Share on FacebookShare on Twitter

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, бидејќи е раширен на поголема територија, претставува опасност да ги зафати и околните шуми.

-Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадери го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот предмалку слета во Скопје, рече Ангелов.

Стајанче Ангелов Информира дека предмалку избил нов пожар на територија на Крива Паланка во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.

Два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, што воедно е и втора помош од јужниот сосед во изминатите четири дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16.53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун за да помогнат во справувањето со огнената стихија.

Додадоа дека испраќањето воздушни средства, односно двата канадери е „преку Европскиот механизам за цивилна заштита (UCPM), кој беше активиран по барање од Република Северна Македонија.

Во средата, по билатерално барање од Центарот за управување со кризи до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, исто така за пожарот кај Дојран, грчката Влада веднаш позитивно одговори на барањето за помош и испрати два канадери и две противпожарни возила со осум пожарникари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Дојранпожар
Next Post

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

НАЈНОВО

Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска Давкова: Очекувам мирна изборна атмосфера, од кампањата не може да направам разлика за какви избори се работи

October 15, 2025
Фото: МИА

Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија

October 15, 2025

Сиљановска Давкова: Од Фон дер Лајен очекувам креативни решенија за консензусот во ЕУ

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk