ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

July 14, 2025 13:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во видео објава што ја пренесе на Фејсбук премиерот, се возат  на автопатската делница што го поврзува Врбјани со Охрид, дел од автопат Кичево – Охрид што беше пуштен викендов.

– Аце, вака како што се возиме  одлично изгледа ова, вели Мицкоски

„Навистина, долго време граѓаните го чекаа. Практично до ова место кај што и официјално го отворивме овој прв дел од делница од Врбјани до Охрид, до Кичево има уште околу дваесетина километри“, изјави Мицкоски.

Според премиерот, тунелите на оваа траса се речиси готови, а остануваат уште неколку километри до конечно завршување на целата делница.

„Од тунелите, оттаму е веќе завршен автопатот, до Кичево остануваат седумнаесет километри. Два километри се тунелите кои што се скоро завршени и остануваат петнаесет километри од излезот на тунелите до Кичево“, прецизираше тој.

Мицкоски посочи дека во делот кај селото Ботун има шест косини или свлечишта, кои исто така се дел од предизвиците на трасата. Сепак, порача дека е време да се остават проблемите зад нас.

„Проблемите да ги оставиме во минатото, било што било. Сега да гледаме напред. Граѓаните не избраа да ги решаваме тие проблеми. Ако беше лесно, немаше сигурно да бидеме ние“, рече премиерот.

Од СДСМ вчера истакнаа дека „Кичево–Охрид е симбол на вмровскиот фушерај, СДСМ го спаси проектот и го донесе до 83% завршување“.

„Автопатот Кичево–Охрид е најдобар пример за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги започнува проектите со цел само да се сликаат и да се пофалат, без основен проект, без испитувања и без решени клучни прашања. Кога СДСМ го презеде проектот во 2017 година, на терен затекнавме само околу 30% прогрес на работите, нерешена експропријација, свлечишта на косините, без изработени клучки и со куп сериозни проблеми. Поради грешките на ВМРО-ДПМНЕ, трасата дури поминуваше преку резервоар за вода за пиење на Кичево, па моравме да ја дислоцираме и да ја заштитиме безбедноста и здравјето на граѓаните. Во 2018 и 2019 година, по комплетно репроектирање, продолживме со работа, и до 2024 година автопатот го предадовме со 83% завршеност“, соопштија СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека „Кичево–Охрид е симбол на погрешен избор на модел на изградба од страна на ВМРО-ДПМНЕ — проект започнат од Груевски само за политичко сликање, без геомеханички испитувања, без комплетен основен проект и со штетни последици за граѓаните“.

Ј. Ѓ.

Tags: Кичево - ОхридМицкоскиНиколоски
Next Post

СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Shortcut

Најново

Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk