ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Флора имагинариум на Кардула

Кардула не е амбасадор на македонската култура затоа што политичките интереси ја кастрираа таа култура и ја понароднија однисно примитивизираа, тој е индивидуалец, бренд, марка, за себе и само преку себе и својата посебност тој зрачи пошироки значења, меѓу другите и национални и државни. На Балканот и во Европа. Тие зрачења се последица на неговата уметност, а не цел.

July 19, 2025 12:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ФРОНТ
Флора Имагинариум. Изложба на Зоран Кардула. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Флора Имагинариум. Изложба на Зоран Кардула. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во стручна смисла, делото на Кардула можеме да го објасниме со влијанијата на арт деко, на виенската сецесија, на Густав Климт посебно, на јапонската графика, со минимализмот како стил, и со компјутерот и маусот како техника.

Малку понародски, неговото дело е неверојатен коктел од применета, популарна, елитна и модерна уметност.

И во вечерва отворената изложба во МОБ под наслов „Флора имагинариум”, во неговата фантастична естетика доминира жената, но во бајковитиот контекст на цветови, листови, гранчиња и други елементи на нашата флора.

Преку единствената техника што ја користи во изразот, Кардула е ретка можност за поширока восприемност и комуникативност на високата естетика, модерноста на дизајнот и на ликовната уметност.

Ова е ексклузивна уметност, но не уметност на затворените кругови на посветените кои се најчесто лажни.

Тој е единствен човек кој така посветено ја негува врската, традицијата и наследството на антифашизмот како основа на македонската држава и нација, со сето свое етничко, културно, верско и јазичко богататво.

Како и југословенско извориште и контекст.

Повеќеслојноста на неговиот ангажман и на неговата уметност, на Зоки како човек, се гледа и во филигранскиот однос кон граѓанското културно наследство од македонското преддржавие и потоа, особено на влашката заедница во Македонија и на нејзините врски и оставштини преку истакнати личности на целиот Балкан, па и во Европа.

Кардула не е амбасадор на македонската култура затоа што политичките интереси ја кастрираа таа култура и ја понароднија односно примитивизираа, тој е индивидуалец, бренд, марка, за себе и само преку себе и својата посебност тој зрачи пошироки значења, меѓу другите и национални и државни. На Балканот и во Европа. Тие зрачења се последица на неговата уметност, а не цел.

Затоа и говориме за уметност. За ретка појава денеска кога царува глупоста и примитивата од највисоко ниво па да под земја.

Му честитам на Зоки и му посакувам нови творечки изблици, а на неговата прекрасна фамилија се најдобро.

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Tags: Flora ImaginariumБранко ТричковскиЗоран Кардула
Next Post

Парада на спортски делегации и сценско-музички спектакл на отворањето на ЕМОФ Скопје 2025

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk