ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Донација на хуманитарни пакети од Заеви за Струмица

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица постојано ја следи актуелната состојба и презема мерки за заштита на граѓаните од ширењето на корона вирусот, рече на денешната прес конференција началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Александар Оџаков.

April 4, 2020 12:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица постојано ја следи актуелната состојба и презема мерки за заштита на граѓаните од ширењето на корона вирусот, рече на денешната прес конференција началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Александар Оџаков.

-Истовремено, ги следиме и потребите на граѓаните во овие вонредни околности и од тие причини, а во интерес на земјоделските производители и граѓаните ги отворивме пазарите за продажба на земјоделски и прехранбени производи „Чешел“, „Кантон“ и Кванташкиот пазар, но со дополнителни мерки за заштита. До Општинскиот штаб за заштита и спасување стигна донација на заштитни маски кои ќе бидат поделени од волонтерите на општина Струмица. Сакам да информирам дека се донирани и хуманитарни пакети со основни прехранбени производи кои од страна на волонтерите на Општината ќе им бидат поделени на граѓаните од социјално ранливите категории. Посебно сакам да потенцирам дека дистрибуцијата на овие хуманитарни пакети ќе се врши согласно сите мерки за заштита, почнувајќи од пакување па се до достава во семејствата, а ќе ја вршат волонтери обучени за ваква испорака. Тоа значи ќе биде обезбедена максимална заштита за сите што ја доставуваат и примаат донацијата. Вакви пакети ќе се делат додека трае кризата, изјави Оџаков.

На новинарско прашање кој ги донираше хуманитарните пакети, Оџаков одговори:

-Донацијата на хуманитарните пакети е од семејството Заеви, кое освен во општина Струмица вакви пакети донираше и во другите општини во државата, а кои деновиве преку волонтерите ќе стигнат до домовите на социјално загрозените семејства. Од името на Општината сакам јавно да му се заблагодарам на семејството Заеви кое многу пати досега ја потврдило својата хуманост и солидарност и секогаш помагале таму каде што имало потреба од било каква помош.

Истовремено, ги повикувам сите компании и граѓани во ова исклучително тешко време за сите нас, во рамките на нашите можности да им помогнеме на семејствата кои имаат потреба од прехранбени и производи за лична хигиена. Многу е важно во овие вонредни околности да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и сите заедно да се справиме со овој голем предизвик пред нас.

Упатувам и апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, Министерството за здравство и на Општинскиот штаб за заштита и спасување, затоа што само така ќе можеме да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, рече Оџаков.

Next Post

Жерновски до Мицкоски: Да се прикажуваш како херој со објавување лажни вести и да шириш дефетизам, е во најмала рака жалосно

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk