ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руте ги повика земјите на НАТО да купат повеќе американско оружје за Украина

July 22, 2025 11:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата да купат повеќе оружје од САД со цел да ја поддржат Украина.

На состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, Руте го сврте вниманието на иницијативата која минатата недела ја најави заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп. Оваа иницијатива подразбира зајакнување на поддршката за Украина преку обезбедување нови американски воени капацитети, финансирани со инвестиции од сојузниците во Канада и Европа, соопшти прес-службата на НАТО.

– Со купувањето на повеќе американско оружје за Украина, земјите на НАТО ќе можат истовремено да спроведат три клучни задачи идентификувани на самитот на Алијансата во Хаг на 24-25 јуни: зголемување на воените трошоци, проширување на военото производство и поддршка на Украина“, истакна Руте.

Според него, целта на безбедносната помош од сојузниците за Украина е конфликтот што поскоро да се доведе до праведен и траен крај.

Трамп за време на состанокот со Руте во Вашингтон минатата недела изјави дека САД повеќе нема да испорачуваат оружје на Украина бесплатно и дека оружјето отсега ќе го финансираат европските земји и Канада. Состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, 29-ти по ред, се одржа вчера со учество на министри за одбрана и претставници од над 50 земји.

Домаќини на состанокот беа германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, и министерот за одбрана на Велика Британија, Џон Хили. На состанокот учествуваше и новоименуваниот министер за одбрана на Украина, Денис Шмихал. Претходниот состанок во форматот „Рамштајн“ се одржа на почетокот на јуни.

Tags: НАТОРутеУкраина
Next Post

МФ ја исплати Првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година, средствата легнати на сметките на 1 448 граѓани

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk