ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ќе ги поддржуваме кандидатите за градоначалници од ЗНАМ и ВРЕДИ

July 22, 2025 14:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: Мицкоски ФБ

Фото: Мицкоски ФБ

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање кога ќе се официјализира коалицијата со владините партнери ЗНАМ и со ВРЕДИ и како ќе настапат на локалните избори, одговори дека разговорите се конструктивни и оти очекува процесот да се финализира во втората половина на август.

-Што се однесува до настапот на локалните избори, разговорите се исклучително конструктивни, се движат во позитивна насока, очекувам по годишните одмори дека би имале официјално соопштение до јавноста. Очекувам Владата да биде на годишен одмор меѓу петти и 15 август, така што анализите во тој период ќе траат, разговорите ќе траат и веднаш после 15 август или втората половина на август, рече Мицкоски на прес-конференција со претставници на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“.

Информира дека во меѓувреме ги завршиле разговорите внатре во коалиција „Твоја Македонија“, и дека очекува во однос на кандидатите за градоначалници да се поддржат меѓусебно со партнерите од владеачката коалиција.

-Сега ја правиме таа анализа, очекувам втора половина на август тоа да се затвори како тема, и потоа можеме да излеземе со поддршка за градоначалници, бидејќи јасно е дека владините партнери ќе имаат свои советнички листи, коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија ЗНАМ и коалицијата ВРЕДИ логично е во одредени општини, т.е. би рекол во сите општини да се поддржуваме едни со други во делот на градоначалниците, бидејќи сме владина коалиција и мислам дека тоа ќе биде позитивен процес којшто ќе заврши втора половина на август, потенцира Мицкоски.

Прашан да ја искоментира кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Општина Чаир, премиерот одговори дека тоа е внатрешна работа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и оти тука нема што да коментира.

Tags: ВредиГрадоначалнициЗНАМизбориМицкоски
Next Post

При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk