ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комисијата за избори и именувања ќе бара решение за избор на претседател на ДКСК поради изборите

July 29, 2025 12:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието се очекува денеска во рамки на 64. пленарна седница да ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, поднесена во петокот на 25 јули, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна. Димитровска во оставката се повикува на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.

По констатирањето на оставката од Собранието во рок од десет дена треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување на јавен оглас за избор на претседател и нов член на Антикорупциската комисија. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски за МИА вели дека седницата на ова собраниско тело ќе биде свикана веднаш по констатирањето на оставката, најверојатно во среда или во четврток и дека тогаш, меѓудругото, ќе биде донесена одлука за распишување јавен оглас.

Имајќи го предвид најавеното распишување на локалните избори за 8 август, Сајкоски потенцира дека од една страна треба да се почитуваат сите законски одредби, но од друга страна ДКСК треба да има претседател бидејќи ќе има локални избори и оти затоа ќе бидат консултирани сите потребни чинители. Како што кажа, ќе биде побарано мислење од самата Државна комисија за спречување на корупцијата, но и од Уставниот суд. Од овие мислења, додава Сајкоски, ќе видиме како ќе ја движиме постапката.

На членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувања им е најавено дека за да се заврши се поскоро ќе бидат повикувани и за време на планираниот одмор за пратениците од 1 до 15 август.

Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси во членот 14 предвидува во случај на оставка на претседател или член на ДКСК, Собранието да констатира престанок на фукцијата. Во ставот 6 од овој член се наведува и дека во случај на престанок на функцијата или разрешување на претседателот на ДКСК до изборот на нов претседател на комисијата, функцијата на претседател ја врши заменик-претседателот на Државната комисија, со сите должности и овластувања кои ги имал претседателот.

Во членот 7, пак, се наведува дека во случај на разрешување, односно претстанок на функцијата на претседателот, односно мандатот, Собранието најдоцна во рок од десет дена започнува постапка за избор на нов претседател, односно член на Државната комисија.

Врз основа на членот 12 став 2 од Законот, во случај на разрешување, односно престанок на функцијата на претседателот, односно член на ДКСК пред истекот на мандатот, Собранието започнува постапка за избор на нов претседател, односно член на ДКСК во рок од десет дена од престанокот на мандатот.

Постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија започнува со објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на Државната комисија, а ја спроведува Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието. Собранието го објавува огласот во „Службен весник“ и во најмалку три дневни весници. Рокот за пријавување на кандидати за огласот е десет дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Македонија“.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието во рок од десет дена од објавувањето на огласот формира Комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на ДКСК. Таа ги проверува документите и ги селектира кандидатите, и во рок од пет дена од објавувањето на листата на овој член, се организира интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите од членот 11 на овој закон кое се емитува на Собранискиот канал.

Во рок од три дена од спроведувањето на интервјуто, Комисијата за селекција утврдува ранг-листа на кандидатите согласно со утврдените критериуми и ја доставува на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, која во рок од два дена, најдобро рангираните кандидати му ги предлага на Собранието во единствена предлог листа за претседател и членови на ДКСК, со образложение за секој од предложените кандидати.

За претседател на Државната комисија може да биде именувано лице кое е македонски државјанин и има постојано место на живеење во земјава, да има деловна способност, да има високо образование со стекнати најмалку 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на политичките, комуниколошките или економските науки, да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, во последните десет години да не било пратеник во Собрание, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија.

По обвинувањата за Димитровска најнапред во случајот „Адитив“, ДКСК продолжи да одржува седници и да работи, а со неа претседава заменик претседателката Билјана Каракашова Шулев.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата исто така треба да избере и нов народен правобранител, за што до саботата се пристигнати 12 кандидатури, а се чекаат и тие пратени по пошта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДКСК
Next Post

Млад мотоциклист загина во сообраќајка во Гостивар

НАЈНОВО

Коцевски за сторијата на ИРЛ: Објавените пораки се мал дел од доказите, Обвинителството води предистрага

September 30, 2025

Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот

September 30, 2025
МИА

Меџити го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува да се постават подземни контејнери

September 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“, Водно ќе блеска и по мрак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува да се постават подземни контејнери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Просечната плата паѓа трет месец по ред, а Мицкоски ги лаже граѓаните дека сме шампиони во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леклер: Отсекогаш сум го сакал Ферари, оттаму ја црпам мојата мотивација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk