ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Преполовени царините на САД за Македонија, преговараме за уште пониски

August 1, 2025 13:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање да даде коментар за намалените царински стапки од страна на САД кон земјава, истакна дека ова е прва фаза и оти преговорите продолжуваат.

– Од она што го видовте како соопштение од страна на Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор, бидејќи тој кажа дека до 1 август ќе ги објави новите царински стапки, не се ни царини, ова се трговски маржи. Ние сме од 33 проценти намалени на 15. Преговорите продолжуваат. Во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш по годишните одмори коишто ќе ги користи и администрацијата и од Кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во Министерството и институциите, очекуваме во втората половина на август да продолжиме со преговорите, рече Мицкоски.

Тој изрази очекување тарифите да одат уште подолу, изразувајќи благодарност кон САД што ја корегираа тарифата од 33 на 15 проценти.

-Ние продолжуваме понатаму да преговараме и оптимист сум дека ќе одиме уште подолу. Еве да речеме од земјите во соседството Србија има 35 проценти, БиХ 30 проценти, додека Швајцарија 39 проценти. Ние како Македонија сме во иста група со Израел, Норвешка, ЕУ итн…, рече Мицкоски.

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти.

Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската Унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35, од Босна и Херцеговина со 30, а најниска царина ќе има Црна Гора 10 отсто.

Трамп во април годинава, првично објави царинска стапка за македонските производи од 33 отсто. Со новата извршна наредба на американскиот претседаел, се воведуваат нови царини помеѓу 10 и 50 проценти за речиси сите трговски партнери на САД. Новите американски царини, ќе стапат во сила на 7 август, а не на 1 август, со цел да се обезбеди повеќе време за нивно спроведување спроведување на новите царини.

Tags: МицкоскиСАДцарини
Next Post
Последиците од најновиот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев во текот на ноќта на 31 јули. Фото: Министерство за внатрешни работи / Воена управа на градот Киев / Телеграм

Бројот на жртви достигна 31, рускиот напад врз Кијив станува најсмртоносен врз главниот град оваа година

Најново

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

Поранешна куќна помошничка поднесе тужба против Кајли Џенер за малтретирање и дискриминација

April 22, 2026

(ВИДЕО) Скандал во српското Собрание: Брнабиќ кон опозициски пратеник – „и ти си геј како и јас“

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Бела Куќа

Трамп се премисли – го продолжи примирјето со Иран: Одложен нападот, но војската останува во состојба на готовност

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk