ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН објави два повика за ангажирање на ромски образовни медијатори – по првпат и во средно образование

August 1, 2025 13:43
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека и во новата учебна 2025-2026 година ќе ангажира ромски образовни медијатори, мерка со која, како што велат значително се подобрува образовната поддршка за учениците Роми и е дел од заложбите за унапредување на еднаквоста и инклузивноста на националниот образовен систем.

Од МОН соопштија дека објавени се два јавни повици. Едниот предвидува ангажирање на 50 ромски образовни медијатори за поддршка во основното образование и овозможува континуитет на нивната активност веќе неколку години, додека другиот се објавува првпат и предвидува ангажирање на 35 ромски образовни медијатори во средното образование, за што беше создаден правен основ со последните измени на Законот за средно образование во април годинава. Пријавувањето на сите заинтересирани e електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk и почнува од денеска и ќе трае до 1.10.2025 година.

Од Министерството за образование и наука информираат дека досега ги имплементирала сите образовни мерки од Акциските планови согласно Националната Стратегија за Роми 2022–2030, при што истите се правно регулирани и одржливо финансирани преку националниот буџет.

-Покрај мерката за медијатори, МОН во континуитет обезбедува и 1.200 стипендии за средношколци Роми во четири категории, 150 стипендии за редовни студенти Роми од јавните и приватните високообразовни институции и универзитети, за кои, конкурсите за учебната, односно академската 2025/2026 година се веќе објавени на www.mon.gov.mk. Воедно, воведуваме и нова јавна политика за ангажирање на тутори за ученици Роми, согласно член 36 од Законот за основното образование, посочуваат од Министерството.

Од МОН информираат дека вкупните средства обезбедени за спроведување на овие јавни политики изнесуваат 50 милиони денари, што претставува речиси 47 отсто од вкупниот државен буџет наменет за поддршка на ромската заедница, со што, како што велат, Министерството ја потврдува својата водечка улога во спроведувањето на инклузивни и правични образовни политики.

Tags: МОН
Next Post
Рашко Призренска епархија Фото извор: ФБ профил на Епархијата

Српската православна црква ги негира наводите дека се дискутира за нејзиниот статус во Косово

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk