Емилија Лазаревска од порталот ако.мк, утринава забележала една навистина интересна, но кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, и вистинита појава.
„Имено, секој што работи во медиум или портал знае дека кога ставате фотографија или ја симнувате од некој уред… ја именувате… Така, некој во ВМРО-ДПМНЕ на едно од соопштенијата со негативна содржина, од утринава се објавени три такви, ставил описен збор на фотгорафија за илустрација, лого на партијата, кој кажува сè – НЕГАТИВНИ СООПШТЕНИЈА – чудна некоја агенда…“, коментира и илустрира Лазаревска.