ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МВР го разрешува началник од Демир Хисар поради непрофесионално однесување

August 10, 2025 15:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ХРОНИКА
Фото: Скриншот од фб видео од Жарко Стеваноски

Фото: Скриншот од фб видео од Жарко Стеваноски

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.

-Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата. МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните, информира МВР.

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска од МВР вчера информираа дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност.

Во видео прилогот се гледа како полицискиот инспектор бара да се приведе директорката во полициска станица и покрај тоа што таа е на боледување и со покачен крвен притисок констатиран од медицинска екипа викната во моментот.

– На носилки ќе ја носиме во полициска станица ако треба, вели полицискиот инспектор.

Адвокатот на директорката Лозановска, Жарко Стеваноски во видео објава на Фејсбук го прикажа односот на полицијата после претресот од страна на инспекторите во домот на директорката.

„Еве како се менува доректор на средно училиште пред распишување на избори. Макар и на носилки на информативен разговор…“, пишува адвокатот Стеваноски.

Поврзано: 

(ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

Next Post
Фото: Министерство за внатрешни работи

Пожар во укотвен глисер во Охридското Езеро

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Фестивалот на балони во Кападокија го освои августовското небо

August 12, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан

August 12, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Мадона со апел до папата: Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе време

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk