ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Преку апликација на мобилните телефони на Кипар ќе се следат контактите на заразените со Ковид-19

За полесно пронаоѓање на контактите на новите позитивни случаи на Ковид-19 на Кипар, воведена е апликација на мобилните телефони, преку која со помош на локацијата ќе се следат движењата на заразените лица како и нивните контакти

April 5, 2020 16:25
in ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За полесно пронаоѓање на контактите на новите позитивни случаи на Ковид-19 на Кипар, воведена е апликација на мобилните телефони, преку која со помош на локацијата ќе се следат движењата на заразените лица како и нивните контакти, јави дописничката на МИА од Атина.

Целта на апликацијата „CovTracer“ е да се запре ширењето на коронавирусот на Кипар.

– Со проверката на рутата што ја следел корисникот, може во секое време да се лоцираат и други граѓани кои биле во близина на заразениот случај и доколку тие луѓе ги преземат соодветните чекори, можат да го намалат ширењето на заразната болест, пишува во објаснувањето на апликацијата.

„CovTracer“ функционира на начин на кој корисникот започнува да ги снима неговите локации со помош на GPS, а сите информации остануваат во уредот и целосно се почитува приватноста на корисникот.

Во случај да биде дијагностициран Ковид-19, доколку сака доброволно, корисникот ги споделува податоците за неговите локации и движења во изминатите две седмици.

Во продолжение, епидемиологот ги проверува овие информации и презема активности, како на пример, да се евакуираат делови, да се дезинфицираат простори или да ги информира граѓаните кои биле во контакт со заразениот

Паралелно, корисникот, преку апликацијата, може анонимно да ги види податоците за локациите и за движењата на потврдени случаи на Ковид-19, кои во време и простор се совпаѓа со неговите движења. Во овој случај, корисникот ќе треба да контактира со надлежните органи и да побара совет, особено ако има и симптоми.

Првата верзија е наменета исклучиво за оние лица кои мора да работат (на Кипар е во сила забрана за движење), додека за останатите граѓани препораката е да останат дома.

Апликацијата сега е достапна само на официјалниот сајт и се очекува дополнително да биде и на Google store и Apple.

Next Post

Kралицата Елизабета Втора со вонредна телевизиска порака до британците

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk