Кралицата Елизабета во своето ретко телевизиско обраќање низ 68-те години од владеењето, ги охрабри британците да го издржат предизвикот со кој се соочуваат и, цитирајќи ја една од најпознатите британски песни од воениот период „We’ll meet again”.
Кралицата, обраќајќи се кон нацијата, охрабри да се издржи периодот и да се почитува политиката на самоизолација, будејќи го духот на Втората Светска Војна со извадок од песната која ги одбележала 40-тите години на минатиот век „We’ll meet again”, велејќи притоа „доаѓаат подобри денови“.