ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДУИ: Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници

August 21, 2025 15:05
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, спротивно на законот и Уставот, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми.

-Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради инсистирањето на Владата да ја спроведе одлуката донесена во септември 2024 година за намалување на бројот на општински советници – одлука која е спротивна на Уставот, Законот за локална самоуправа и одлуката на Уставниот суд. Оваа одлука, испратена до Државната изборна комисија, го прекршува член 34 од Законот за локална самоуправа, кој јасно предвидува дека бројот на советници во секоја општина треба да се пресметува единствено врз основа на бројот на жители, без правење разлика помеѓу резиденти и нерезиденти – стандард кој отсекогаш важел. Уставниот суд, со одлука бр. У.бр. 251/2024 од 25 јуни 2025 година, ја поништи правната основа врз која се темелеше оваа владина одлука, нагласувајќи јасно дека нерезидентните граѓани не можат да бидат исклучени и дека секој обид за тоа е спротивен на Уставот и на правото на еднакво претставување. И последниот обид да се донесе нов Закон за локална самоуправа, со кој ќе се легитимираше оваа одлука, пропадна поради немање двојно мнозинство, оставајќи го во целост во сила постојниот закон, рече Адеми.

Тој смета дека Владата постапила спротивно на законот и на одлуката на Уставниот суд, само, како што рече, за да не ја прикаже реалноста дека албанската популација во земјава е 29,5 проценти според резултатите од спроведениот попис од 2021 година, туку 24,3 проценти што, според него, вештачки се обидува да ја претстави.

ДУИ, додаде Адеми, бара целосно почитување на одлуката на Уставниот суд и гарантирање на правично и пропорционално претставување на сите општини врз основа на точни демографски податоци.

-Државната изборна комисија да донесува одлуки врз основа на Уставот и законот, избегнувајќи какво било политичко влијание. Обезбедување на слободни, демократски и прифатливи избори за сите страни. Примена на член 50 од Уставот, кој гарантира заштита на слободите и правата на граѓаните. Почитување на член 51 од Уставот, според кој законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други акти – со Уставот и законот, и секој е должен да ги почитува, рече Адеми.

Тој потенцира дека ДУИ смета оти повлекувањето и корекцијата на оваа одлука е неопходна за зачувување на легитимитетот на претстојните локални избори и за да не се дозволи исклучување на албанската дијаспора од процесите на одлучување.

Адеми одговарајќи на новинарско прашање кажа дека смета дека се неопходни предвреме парламентарни избори оти, како што рече, институциите не се функционални.

-Политичкиот систем во државата за кој сме се договориле треба да го почитуваме. Сме кажале дека не треба да се доведеме во ситуации немнозинските заедници да се мајоризираат, да се надгласуваат, да се поделиме на етнички линии. Тоа сме го кажале уште од почеток. За тоа сме се договориле во 2001 година и кога некој го гази тоа, ние сме приморани да кажеме пред јавноста отворено и искрено дека не одиме во добар правец, нема да имаме функционални институции. Ќе има заострување на меѓуетничките односи, тоа не ни носи добро, рече Адеми.

Во однос на измените на Изборниот законик, тој изјави дека првпат се случува некоја Влада да не формира работна група за адресирање и инкорпорирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во законикот, за што вели е потребен консензус, а за што, вели актелната Влада немала слух..

-Сите политички партии преговарале со месеци и препорачливо е најмалку шест месеци пред одржување на изборите да се усвојат измените и дополнувањата во Изборниот законик. А ние со која ситуација се соочуваме, 5 до 12 предлагаат решение кое воопшто не е консултирано. ВМРО и СДСМ заедно седнале водејќи се по нивните партиски интереси и сакајќи да ги елиминираат независните. И наместо сите ние граѓани да укажеме „чекајте луѓе, Уставниот суд рече дека 1 отсто не чини, се кршат правата на тие што сакаат да се кандидираат“, овие на целосно несериозен начин, без никаков консензус, без никаква консултација предлагаат 0,95 проценти за собирање на потписи. Уште од почеток сме укажале од завршување на изборите, од објавување на извештајот на ОБСЕ/ОДИХР „ајде да седнеме и да ги адресираме препораките“. Немаше слух од оваа Влада за тоа. Затоа и сме доведени во оваа ситуација, рече Адеми.

Тој смета дека е добро за демократијата кандидирањето на независните кандидати на локалните избори.

-Што повеќе опции, што повеќе алтернативи, толку поголем избор за граѓаните за да направат разлика. Добро е што има иницијативи за кандидирање на повеќе опции, на повеќе луѓе, повеќе учесници на изборите. И тоа е добро за демократијата, рече Адеми.

Next Post

Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4, во близина на Кејот на Вардар

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk