Американската Влада издвои 1.1 милион долари за Северна Македонија во борбата и спречувањето на ширењето на заразата Ковид-19.
Преку УСАИД, американската Влада издвојува средства за СЗО и за УНИЦЕФ, со цел имплементација на потребните чекори во одбрана од корона вирусот.
Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнс, рече „во време на несигурност и нетрпеливост, најважно е да работиме заедно. Убедена сум дека овој пакет помош ќе има значителен ефект врз борбата со корона вирусот во земјата.“