ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ предага неискористениот одмор за 2019 и дел од одморот за 2020 да се искористат во април

На овој начин, според ССМ, ќе се зачуваат работните места и нема да има намалување на платите на работниците во април, а истовремено значително ќе се придонесе за зачувување и на јавното здравје.

April 6, 2020 14:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) предлага неискористениот годишен одмор за 2019 година и делот од годишниот одмор за 2020 година да се искористат во април кога се очекува пикот на коронавирусот и на тој начин да се заштитат работниците и заеднички сите да придонесеме кон спречување на ширењето на вирусот.

– Поаѓајќи од фактот дека до крајот на месец април, започнувајќи од утре (7 април 2020 година) има 18 работни денови, а во кои 20 април (понеделник), Велигден вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани, 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен за граѓаните од православна вероисповед, 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, за граѓаните од католичка вероисповед и 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите, за граѓаните припадници на ромската заедница во РМ, сметаме дека со користењето на годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, неработните денови и неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, во скоро цел месец април заеднички можеме да придонесеме за спречување на ширењето на корона вирусот со седење во домовите и излегување само за набавка на неопходните намирници и потреба од здравствена заштита, велат од ССМ.
На овој начин, според ССМ, ќе се зачуваат работните места и нема да има намалување на платите на работниците во април, а истовремено значително ќе се придонесе за зачувување и на јавното здравје.
– Во овие моменти потребно е сите заедно да бидеме солидарни, а за општото добро и за здравјето на нас и на нашите семејства, пријатели, колеги, да придонесеме сите заедно со седење на дома до крајот на месец април. Доколку се прифати нашата иницијатива, истата ќе придонесе во период од повеќе од 3,5 недели, да овозможиме и на здравствениот систем да се справи со најавениот пик на бројот на заразени од вирусот, а и значително да придонесеме истиот да биде што е можно со помал број на заразени и заеднички да се обидеме да спречиме поголемо негово ширење, нагласуваат од ССМ.
Појаснуваат дека согласно член 3 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, за работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус Ковид-19 се предвидува неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај, а делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Осум пратеници во украинскиот Парламент заразени со корона вирус

НАЈНОВО

Фото, генерирано со ВИ

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија

October 5, 2025

Израел тврди – речиси целиот север на Појасот Газа е испразнет од цивили; според ОН тами сè уште има стотици илјади луѓе

October 5, 2025

Израелската армија пресретна ракета истрелана од Хитите во Јемен

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk