ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Обвинителството и Антикорупциска немаат најдено ниту една забелешка околу организирањето на Самитот на ОБСЕ

August 28, 2025 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бујар Османи

Бујар Османи

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) преводена од ДУИ за Општина Чаир, Бујар Османи денеска истакна дека договорот за Самитот на ОБСЕ веќе една година е објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки и оти двете најповикани институции Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не констатирале никакви забелешки.

– Смешно е да се каже дека сте обезбедиле ексклузивен документ кој што е веќе објавен една година на веб-сајтот за јавни набавки. Една година е јавно објавен, ама ексклузивно е обезбеден вчера од партиските штабови. Тој договор е пратен до Антикорупциската комисија од мене лично. Вратен е со писмен документ дека не е најдена ниту една забелешка. Прашајте ја поранешната директорка на Антикорупциската, ќе ви потврди дека не е најдена ниту една забелешка. Пратен е до Обвинителството кое што има донесено одлука дека не е најдена ниту една забелешка. Тоа не сум го направил јас заради владејачките партии тогаш опозициски, сум го направил заради гостите кои дојдоа во Северна Македонија на историски најголемиот настан. Меѓутоа, сега кога ја објавив кандидатурата ексклузивно го нашле договорот којшто е објавен една година на веб-сајтот на Бирото за јавни набавки и за којшто двете најповикани институции – Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија имаат писмен извештај во кој се вели дека не се констатирани ниту најмали неправилности, рече Османи.

Нагласи дека не е коректно да се спомнуваат имиња на компании кои се дел од економијата на државата само заради тоа што, како што рече, противкандидатот барал да се отвори таа тема.

– Одете на другата страна на улицата, се гради еден базен и Општина Чаир има потпишано договор со „Еуровиа“. Објавете го ексклузивно тој договор и видете дали има конфликт на интереси. Не е коректно прво да спомнуваме имиња на компании кои се дел од економијата на државата само заради тоа што противкандидатот барал да се отвори таа тема. Дајте да ги почитуваме институциите. Ако вие не ги почитувате институциите, каква порака испраќаме до  граѓаните дека треба да ги почитуваат институциите. Двете најповикани институции ви дале писмен одговор дека е завршено прашање, вие упорно од партиските штабови прашале ова, кажале ова, рече тој.

Tags: Османи
Next Post

Ослободителната пресуда за Блатер и Платини стана конечна

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk