ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК: Завршено собирањето потписи, поднесени 69 иницијативи за независни градоначалници

September 2, 2025 16:27
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
 По завршување на рокот, согласно член 63 од Изборниот законик, заклучно со 01.09.2025 година до 24 часот, до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за поднесување на предлози за кандидатски листи за група избирачи со најмалку два потписи на избирачи, доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.

Листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, заедно со евидентираните потписи како предлог и целокупната друга документација согласно законските услови и според Упатството на ДИК за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатслите листи за локални избори 2025 година се поднесуваат до ОИК до 13 септември 2025 година, до 24 часот, кои одлучуваат за потврдување на истите.

Потписи за независни кандидати за градоначалници се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром,Карпош , Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево и градоначалник на Градот Скопје.

Потписи за независни листи за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Старо Негоричане, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени, Струга, Дебар, Босилово, Ново Село, Струмица, Тетово, Штип, Свети Николе, Лозово, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Кавадарци, Битола, Могила, Ресен, Демир Хисар, Карпош, Сарај, Центар, Чучер Сандево, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани и за советото на Градот Скопје.

Кон листите за кандидати поднесени од група избирачи, покрај Образецот за собрани потписи за листата за градоначалник на општината односно Градот Скопје и/или листа на кандидати за членови на советот на општината односно советот на Градот Скопје, се доставуваат и сите документи кои се потребни согласно Упатството за начинот и постапката за поднесување на прием и потврдување на кандидатски листи за локалните избори 2025 кое е објавено на официјалната веб страна на Државната изборна комсија.

Од потребните два потписи, независниот кандидат за Струга Менди Ќира собрал 65, а од независните листи за советници, листата чиј носител е Аки Акиов од Кочани со 535 потписи.

Рокот за собирање на потписите заврши ноќеска, 01 септевмри 2025 година во 24 часот на полноќ.

Tags: ДИКнезависни кандидатипотписи
Next Post

Продолжена забраната за движење во шумите до 30 септември

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk