ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кос: Вратите на ЕУ се отворени за оние кандидати што ќе ги исполнат Копенхашките критериуми

September 3, 2025 09:40
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи да се гради врз нив, бидејќи владеењето на правото и демократската отпорност се клучни за кредибилен процес на проширување, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос.

– Нашата Унија е отворена и тие врати ќе останат отворени за оние кои целосно, праведно и транспарентно ќе ги исполнат Копенхашките критериуми, истакна Кос на заедничката прес-конференција со данската министерка за европски прашања Мари Бјере и еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкл Мекграт по завршувањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство во Копенхаген.

Кос додаде дека ако ЕУ сака да стане посилна ќе мора процесот на проширување да го базира на заслуги и на објективниот напредок постигнат од секоја земја кандидатка, при што приемот на секоја од нив ќе зависи од темпото на спроведување на реформите, нагласувајќи дека во случајот на земјава „штом Владата ќе го промени Уставот“ ќе може да продолжи нејзиниот пристапен процес.

Таа нагласи дека на средбата разговорите се фокусирале на тоа како проширувањето ја зајакнува безбедноста на Европа и на условите за успешно спроведување на реформи за членство, со цел граѓаните на идните земји членки да ги почувствуваат придобивките од ЕУ уште пред зачленувањето на нивните земји во Унијата.

– Проширувањето некако се вплетка во геополитичкиот натпревар помеѓу слободните демократски општества, од една и авторитарните режими, од друга страна, рече Кос, додавајќи дека проширувањето не е само прием на нови членки, туку станува збор за обединување на Европа, со што ќе се овозможиме безбедност на сите и стабилност за целиот континент.

Кос истакна дека на состанокот се разговарало и за начините за напредок во преговорите за пристапување и покрај „билатералните загрижености на некои земји членки околу преговарачките рамки и одлуките на Советот“.

– Во овој поглед, Комисијата веќе поедностави одредени чекори во пристапните преговори во рамките на ограничувањата на методологијата за пристапување, но секако е отворена и за понатамошни подобрувања, под услов за тоа да се добие согласност од Советот, рече Кос.

Таа се осврна и на денеска објавените резултати од истражувањето на Евробарометар за проширувањето, нагласувајќи дека загриженост околу безбедноста по избувнувањето на војната во Украина резултирала со растечкиот тренд на јавна поддршка за пристапниот процес.

– Проширувањето е стратешка инвестиција во стабилна, демократска и конкурентна Европа со придобивки за сите граѓани и тоа придонесува за мир, просперитет и пообединет континент, додаде Кос.

Сепак, според неа, паралелно со проширувањето мора да се работи и на подготовка на ЕУ за приемот на нови членки.

– Проширувањето и подготвеноста за ЕУ се ист проект… Тоа е двојна патека, и проширување и подготовка, во исто време. Со тоа што ги унапредуваме заедно, го заштитуваме кредибилитетот на процесот, ја задржуваме јавната поддршка на наша страна и ја правиме Европа посилна, побезбедна и поконкурентна, заклучи Кос.

Данската министерка Мари Бјере, од своја страна изјави дека живееме во предизвикувачки времиња кога руската агресија врз Украина и новите политички ветрови што дуваат од САД го прават процесот на проширување поважен од кога било досега.

– Тоа е новата релевантност на проширувањето, кое доби нов импулс. Треба да продолжиме со проширувањето. Тоа не е само нешто што е релевантно. Тоа е геополитичка неопходност затоа што ни треба посилна и побезбедна ЕУ, која е способна да се одбрани, а проширувањето е од суштинско значење за тоа, истакна Бјере.

Таа нагласи дека на министерскиот состанок не се разговарало за специфичните преговори на секоја од земјите кандидати за членство, туку била одржана постратешка дискусија за проширувањето и како тој процес да се забрза, а сепак да се задржи пристапот базиран на заслуги согласно Копенхашките критериуми.

– Иако Копенхашките критериуми се стари повеќе од 30 години, тие се уште се многу релевантни. Исто така, тие се релевантни и за постојните земји членки. Почитувањето на Копенхашките критериуми и фундаменталните вредности е она што не прави силни и атрактивни, па затоа денеска разговаравме и за тоа како можеме да го зајакнеме почитувањето на владеењето на правото во рамките на ЕУ, рече Бјере.

Данската министерка истакна и дека на состанокот станало збор и за потребата од внатрешни реформи во ЕУ за нејзино подготвување за проширувањето и за справување со предизвиците.

– Многу сум охрабрена од широкиот консензус што го видов за оваа стратешка насока на ЕУ и затоа сум голем оптимист, додаде Бјере.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУМарта Кос
Next Post

Продолжува судењето за „Штекли“, денеска фокус на психијатриското вештачење

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трент Александар-Арнолд откри зошто го напушти Ливерпул за Реал Мадрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk