Норвежаните денеска гласаат на парламентарните избори, при што владејачката Лабуристичка партија на премиерот Јонас Гар Сторе има добри шанси повторно да победи, јави ДПА.
Анкетите предвидуваат дека левиот блок може да обезбеди мало мнозинство, а десничарската популистичка Партија на прогресот се очекува да биде втора.
Сторе, кој води малцинска влада, најверојатно ќе бара поддршка од други левичарски партии, особено од Зелената партија, која според прогнозите ќе освои околу 7 отсто од гласовите и да стане клучен партнер. Меѓу главните теми е климатската политика, за која Лабуристите и Зелените имаат различни ставови, особено околу истражувањето на нафтата и гасот.
Иако официјалниот изборен ден е денеска, предвеременото гласање веќе заврши и досега гласале околу 1,9 милиони граѓани или 47 отсто од населението.
Резултатите од излезните анкети се очекуваат вечерва по затворањето на гласачките места во 21 часот.