ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025 16:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По неодамнешното откритие за скандалозната злоупотреба на функцијата министер за правда за напредување во академската кариера на Игор Филков, следи уште едно, овојпат на министерот за внатрешни, Панче Тошковски.

Тема на трудот на е: „Криминолошки и компаративни аспекти за унапредување на безбедноста во јавниот сообраќај (Criminological and Comparative Law Aspects for Improvement of the Security in Public Transport)“ од кандидатот Панче Тошковски, студент на втор циклус студии – казнено право. За менторка се предлага проф. д-р Гордана Лажетиќ.

Скриншот од записникот од седницата на Наставно-научниот совет одржана на година 04.06.2025

Овој случај води кон прашањата поврзани со границите меѓу академската работа и политичките функции. Темата на трудот на Тошковски се совпаѓа со ресорот што го води како министер. Тоа ја доведува академската независност под сериозен и оправдан сомнеж дека се работи за судир на интереси.

Всушност, првиот полицаец оди по стапките на првиот човек на правдата во земјата, односно заедно чекорат по истиот пат, за што неодамна пишуваше 360 степени.

На истата седница на Научно-наставниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, се решава и за академскиот труд на министерот за правда Игор Филков кој треба да ја одбрани својата магистерска работа на темата „Креирање стратегии во сферата на правосудството како надлежност на Министерството за правда“. Таа тема е директно поврзана со неговата работа како висок функционер – министер во Владата на Мицкоски.

Скриншот од записникот од седницата на Наставно-научниот совет одржана на година 04.06.2025

Се поставува прашањето – што прават двајца министрите во клучни ресори во владата, работат или ја градат својата академска кариера врз основа на функциите и ресорите што ги држат?

Ова го забележа и профилот Робусна акција на социјалната мрежа Х.

„Панче откако го стави под контрола подземјето и го реши Кочани, нашол слободно време да ја прочита тезата. Гемиџијата брзал да магистрира пред локални, затоа што после тоа ќе може само да лови риби со колегата Филков“, се вели во ироничната објавава на Х.

На крајот, со оглед на тоа дека е тешко да се одвои академската работа од политичката, односно извршната улога на двајцата министри – се поставуваат прашањата околу пристрасноста, начинот на создавање на академските трудови, судирот на интереси и злоупотребата на функцијата.

Д. Муратов / Цивил Медиа

Tags: ТошковскиФилков
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени 200 демонстранти во Франција, полицијата употреби солзавец

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk