ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Прв водич за перименопауза, апел да се споделуваат симптомите со лекарите

September 13, 2025 14:06
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) денеска промовираше Водич за перименопауза којшто има цел да обезбеди полесен скрининг, дијагноза и третман  на состојбите што се јавуваат во овој период кај жената. Со него матичните лекари и гинеколози добиваат основни насоки за симптомите и болестите што можат да настанат кај пациентките. Содржи повеќе анекси со прашалници што треба да ги пополнуваат пациентките во ординациите и врз основа на одговорите заeдно со лекарот ќе се утврдува дали се во групата на перименопауза од низок, среден или висок ризик од можни последици од состојбата.

МАГО го изработи водичот во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), со поддршка на мултидисциплинарна експертска група, промоцијата се одржа во рамки на 21. Конгрес на лекари во организација на Македонското лекарско друштво.

Претседателот на МАГО, проф.д-р Глигор Тофоски, кој е специјалист по гинекологија и акушерство, соопшти дека прашалниците се преземени од меѓународните асоцијации што веќе ги користат, а на здравствените работници ќе им бидат од голема корист за да им помогнат на пациентите.

– Денеска во светот има над  милијарда жени или 15 проценти од светската популација се во менопауза, периодот откако ќе престане менструалниот циклус. Повеќето од жените 40 проценти од својот живот ќе го проживеат во периодот на менопаузата. Меѓутоа, не само менопаузата, перименопаузата е период којшто трае неколку години пред изостанувањето на менструалниот циклус во којшто се случуваат значајни промени за жените во кој може да се препознаат значајни симптоми, да се постави дијагноза и да се даде терапија со што ќе се превенираат идни болести кои   се случуават кај овие жени во подоцнежниот тек на животот. Тоа се болести поврзани со кардиоваскуларниот ризик, со остеомускуларната градба, остеопороза, фрактури, болести поврзани со гениталните и уриналните органи, невролошки и психолошки состојби кај пациентите, рече Тофовски на прес-конференција.

Тој појасни дека една од најчестите промени што се појавуваат во овој период се промени во менструалниот циклус коишто можат да бидат со пообилни, почести и поретки крварења. Таквите отстапки се јавуваат кај над 80 проценти од жените во овој период, по што посочи дека следуваат симптоми како топлина, несоница, депресија, анксиозност. Мора многу да се внимава и навреме да се даде соодветна терапија, примарно менопаузална хормонска терапија, за да се превенираат подоцнежните симптоми, од недостатокот на естрогенот, нефункционирањето на јајниците, и ќе може да се спречи предвременото губење на коскената маса, предвремено стареење на сите органи, на косата, видот, кожата. Сето тоа треба да биде проследено и со правилен скрининг за рак на грло на матка и дојка и поврзаноста со короноартериската болест, појасни Тофоски.

Просечниот период на менопаузата е 50-51 година, но има пациенетки кај кои овие состојби се случуваат и во доцните 30-ти.

Матичниот лекар, спец. д-р Борислава Спировска, апелира пациентките да ги споделуваат симптомите кои ги доживуваат во овој период со лекарот.

– Да се обидеме да се ја охрабриме жената да не се споредува со своите претходнички од семејната лоза, мајки и баби, на кои во минатото не им била понудена соодветна здравствена помош во насока на овие симптоми затоа што не е во ред да се справуваат 40, 45-годишна жена со несоница, намалена когнитивна функција, болки во зглобови и мускули, намалено либидо. Треа да побараат помош затоа што постојат плејада на фармаколошки и нефармаколоши продукти што може да им бидат понудени за подобрување на нивното здравје, рече спец. д-р Спировска.

Претседателка на Катедрата по семејна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје, проф.д-р Катарина Ставриќ посочи дека семејните матични лекари имаат значајна улога имајќи предвид дека се грижат за женското здравје од раѓањето до крајот на нејзиниот живот.

– Матичниот лекар презема сеопфатна грижа што подразбира и едукација, промоција и превенција, но исто така и рано препознавање и скрининг на симптомите на оваа состојба и преку овој водич добива јасни насоки, како и каде да ја упати жената за натамошни иследувања, рече проф.д-р Ставриќ.

Next Post

Крај на ерата Пешиќ во српската кошарка

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk