ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема повредени лица во пожарот во Трубарево, не се дозволува негово ширење, вели Ангелов

September 13, 2025 18:39
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пожарот кој изби денеска во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, се зафатени уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Повредени лица во пожарот нема, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.  Додава дека од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар.

-Денеска попладне изби тежок пожар во фирмата „Ф-Групација“, која се занимава со електронски отпад. Има два погони во скопското село Трубарево, кои беа зафатени од огнот. Исто така имаше поголема количина на пластика, кои даваа густ и црн, а верувам и токсичен чад. Веднаш до нивните објекти се наоѓаат уште два објекти, во кои има поголема количина пластичен отпад и кои делумно се зафатени од пожарот. Нема повредени лица,  рече Ангелов.

Нивна првенствена цел, како што истакна, е да не се дозволи натамошно ширење на пожарот.

– Од тие причини сите ресурси кои ги имавме на располагање во Град Скопје итно ги насочивме кон овој голем пожар. На терен се наоѓаат најголем дел од противпожарните возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три БТР, еден хермелин, а цело време дејствуваат еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и еден ер трактор на ДЗС, кои со прецизно фрлање на водата и со специјална пена за гаснење на вакви тешки пожари, помагаат да се намали горењето и не дозволуваат ширење на огнот, нагласи Ангелов.

Тој иинформира дека побарале помош и од соседните противпожарни единици и очекуваат дополнителен број на противпожарни камиони кои ќе помогнат во смена на веќе изморените пожарникари, кои дел се во овој густ црн чад со специјални заштитни маски и боци кислород за дишење.

Според него, од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар.

– Според мојата перцепција од терен се работи за намерно подметнат пожар. Повеќе од сигурно за намерно подметнат пожар бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект. Според мене, ова е хибриден напад врз државата бидејќи да се случат вака тешки пожари кои предизвикуват големо загадување на воздухот во главниот град, ќе потсетам прво депонијата „Вардариште“, депонијата „Дрисла“, вчера депонијата во Шуто Оризари, денес оваа фабрика. Се работи за намерно подметнат пожар. Ние сме мета на хибриден напад, за мотивите може само да погодуваме. И МВР и останатаите служби од областа на безбедноста работат на откривање на сторителите и спречување на идни вака намерно предизвикани пожари, појасни Ангелов.

Апелираше до сите граѓани да го пријават секое сомнително поведение, како лица кои носат туби или шишиња со жолта течност која може да биде бензин или други лица кои се однесуваат сомнително особено околку вакви објекти. Граѓаниите да пријавуваат во полициска станица или на бројот 112.

Next Post
ВИ

Кафето низ времето: Од древните традиции до современите методи

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk